Hyundai Motor Group официјално го претстави „Ioniq 6“- автомобил што уште како може да биде конкуренција на Tesla, Ford и GM. „Ioniq 6“ со едно полнење на батеријата достигнува опсег од 610 km и содржи напредна паметна платформа.

 

„Ioniq 6“ е развиен врз основата на e-GMP платформата на Hyundai и доаѓа со електрична архитектура од 800 V која овозможува полнење на капацитетот од 10 до 80 проценти за само 18 минути, пренесува Vidi.

Овој модел ќе биде достапен со стандарден пакет батерии од 55 kWh или опционо 77,4 kWh, што е еквивалентно на она што го нудат Kia EV6 и Polestar 2. Во комбинација со мал коефициент на отпор од 0,21 (што е еден од најдобрите на пазар), Ioniq 6 се очекува да помине 610 km со едно полнење. Како и Ioniq 5, исто така и 6 нуди можности за реверзибилно полнење V2L, што му овозможува полнење во вашиот дом, дополнителна опрема, па дури и други возила.

Љубителите на овој модел ќе имаат избор помеѓу RWD и AWD (2 и 4 мотори). AWD ќе произведува 239 kW (320 КС) со 605 Nm вртежен момент и ќе забрзува од нула до сто за 5,1 секунди. Моделот со мала батерија RWD ќе биде дизајниран за максимална ефикасност и потрошувачка на енергија под 14 kWh/100 km.

Возачите ќе можат целосно да го приспособат своето посакувано искуство во возењето со систем за подесување на перформансите, од отпорот на управувањето и моќноста на моторот, до чувствителноста на гасот и режимот на возење.

Неговиот ентериер којшто е инспириран од „кожурец“ изгледа како „удобно и персонализирано скривалиште“, каде управувачот со возилото „може да дремне, да се позанимава со лесно шифрирање или канцелариска работа, па дури и да пренесуваат во живо на своите  следбеници на социјалните мрежи“.

Внатрешноста има 12-инчен инфозабавен екран на допир и 12-инчен дигитален кластер, кој обезбедува мапирање на радиусот на патувањето во реално време за да го информира возачот колку далеку може да патува со преостанатото полнење. Apple CarPlay и Android Auto се стандардни, како и повеќекратното поврзување со Bluetooth, што значи дека можете безжично да поврзете два уреди за репродукција преку звучниот систем Bose со осум звучници.

Цената за „Ioniq 6“ допрва треба да биде објавена, иако производството се планира да започне во третиот квартал на 2022 година.