Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и претставниците на фудбалерите постигнаа договор дека мора да има минимум 72 часа одмор помеѓу два натпревари, и дека секој играч има најмалку 21 ден одмор по завршувањето на сезоната.

 

Овој договор беше постигнат по состанокот во Њујорк, одржан пред синоќешното финале на Светското клупско првенство помеѓу Челзи и Пари Сен Жермен.

Светското клупско првенство од оваа година, има проширен формат со 32 екипи и се игра помеѓу две сезони, што предизвика остри критики од синдикатот  на  фудбалерите, поради загриженост за здравјето на играчите и нивната преоптеретеност.

Неколку дена пред почетокот на едномесечниот турнир  од 14 јуни, членовите на фудбалските клубови повторно биле повикани да ги заштитат играчите поради стравот од повреда и исцрпеност. Минатиот месец, Францускиот синдикат  на професионални фудбалери  остро го  нападна  натпреварот и побара „Итно да се запре со масакарот“ на екстремното оптеретување на играчите.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и другите лидери разговараа со синдикатите и се согласија дека е потребно на играчите да им се обезбеди најмалку 72 часа одмор мрѓу утакмиците Со тоа треба да иуправуваат клубовите и играчите индивидуално како и со задолжителниот одмор од 21 ден на крај на секоја сезона.

 Строгото почитување на правилото за одмор од 72 часа може да доведе  презакажување на некои натпревари, особено во лигите каде што натпреварите се играат доцна во четврток и недела. Исто така, се препорачува играчите да имаат еден слободен ден секоја недела.

Новиот формат на Светското клупско првенство ќе се игра на секои четири години, помеѓу Светското првенство, Европското првенство и Копа Америка.