Италија воведе еднократен данок од 40 отсто на добивката на банките, затоа што бранот на раст на каматните стапки, не го пренеле и на каматите за депозитите.
Овој неочекуван потег предизвика шок на пазарот, поради што акциите на банките паднаа на европските берзи, но паднаа и берзанските индекси.
Значителниот раст на каматните стапки лани им донесоа рекорден профит на банките, бидејќи ги зголемува каматните стапки на кредитите додека каматните стапки на заштедите не се зголемија ниту блиску до нив.
Земјите како Шпанија и Унгарија веќе воведоа неочекувани даноци во секторот, а и другите земји на ЕУ сега може да го следат овој тренд , пренесува Ројтерс.
Италијанската Влада ја изнесе идејата за неочекуван данок на банките на почетокот на оваа година, но од непознти причини беше одложено. Меѓутоа, по објавата на полугодишните резултати од банките, идејата за дополнителен еднократен данок повторно се актуелизира, пишува Ројтерс.
Индексот на акциите на италијанскиите банки по оваа вест падна за 7,4 отсто, а најголемата банка Интеса Санпаоло доживеа пад од осум отсто, додека Уникредит од 6,5 проценти. Всушност овие три банки се меѓу најпогодените со најновата владина мерка.
Според пресметката на аналитичарите, данокот би можел да однесе околу една петина од нето приходите на италијанските банки годинава, што се проценува на околу две до три милијарди евра приход во италијанскиот буџет.
Тоа би било слично на приходот од 2,8 милијарди евра, колку што оваа година се слеале во буџетот од сличниот данок на добивката на енергетските компании.
Данокот ќе се наплатува само за приходите во 2023 година, а основата ќе биде нето-каматната маржа, односно разликата меѓу каматата на заемите и на заштедите.
Банката Интеса веќе заработи 13,5 милијарди евра нето маржа оваа година.
Италијанската влада сака да ги искористи приходите за да им помогне на оние кои се борат со трошоците за живот, како што се имателите на хипотеки.