Стелантис пред официјалното претставување на новиот модел „панда“ под името „фиат гранде панда“ што закажано за 11 јули во Торино, покажа фотографии од новото крагуевачко „мече“. Вчера „гранде пандата“ веќе беше видена на италијанските улици бидејќи е во Торино каде е снимен видео запис за овој нов автомобил произведен во Крагуевац.
„Гранде панда“ е инспирирана од познатата „панда“ од осумдесетите, која ја нацрта Џорџо Џугаро, но сега повторно се роди како „паметен автомобил“ во фабриката Стелантис во Крагуевац. Дизајнот излезе од Мирафиори.
Овој нов модел е изработен во две верзии - електрична и хибридна, а од Крагуевац ќе пристигне прво во Европа, потоа на Блискиот Исток и во Африка. Моделот припаѓа на автомобилите од Б сегментот под четири метри во должина и е прв во серија модели на новото семејство кое секоја година ќе лансира нов модел до 2027 година.
Иновативниот проект вклучува реализација на автомобил преку глобалната Multienergy Smart Car Platform. Ќе биде достапен во сите региони во светот и ќе и овозможи на компанијата да креира различни автомобили кои ќе можат да одговорат на различните барања на клиентите.
Оливие Франсоа, извршен директор на Fiat и меѓународен директор за маркетинг на Stellantis, верува дека ова е најдобриот начин да се прослават 125 години од Fiat и дека со оваа нова „Grande Panda“ се испишуваат нови страници од историјата:
„Нацртана и дизајнирана е во Торино и ги прикажува сите оние основни вредности на оригиналната панда. Нашата цел е да го зајакнеме присуството на овој бренд во светот и благодарение на „гранде пандата“, која е идеална за семејството, но и за урбаната мобилност во секоја земја, со гордост можеме да кажеме дека ова е вистински фиат“.
Ова е првата панда произведена надвор од Италија, поточно во Србија во истата фабрика каде што претходно се произведуваше „Фиат 500Л“. И иако Италијанците се незадоволни од тоа што Фиат не се произведува во Мирафиори во Торино, кои очајнички чекаат таа фабрика конечно да почне, Стелантис рече дека Србија е избрана пред неколку месеци и дека тоа е дел од нивните инвестиции во странство.
Сѐ уште нема информации за цената на новата „панда“ ниту фотографии од внатрешноста на возилото, а новите детали најверојатно ќе бидат познати на 11 јули во Торино, кога ќе биде претставена „гранде пандата“ по повод 125-годишнината на Fiat.