Вчера, во хотел Мериот Скопје, се одржа свечената церемонија за доделување на македонските Награди за е-трговија 2024 - "E-commerce Awards 2024", во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.
Овој престижен настан привлече голем број на гости, вклучувајќи членови на Асоцијацијата, поддржувачи, партнери, жири-комисијата на наградите и најуспешните е-трговци во земјата. Гала вечерта беше исполнета со богата програма, одлична атмосфера и прослава на достигнувањата во македонската е-трговија.
Оваа манифестација е значајна за македонската е-трговија, бидејќи ги препознава и наградува најдобрите практики, иновации и достигнувања во индустријата. Наградите претставуваат признание за посветеноста, иновациите и врвната услуга на е-трговците, додека воедно ги мотивираат да продолжат со унапредување на своите услуги. „E-commerce Awards 2024“не е само избор – тоа е иницијатива што има за цел да го поттикне развојот на македонската е-трговија, да ги истакне најдобрите практики, да ја зголеми конкурентноста и да им даде глас на потрошувачите, кои преку своите гласови учествуваат во изборот на најдобрите е-продавници.
Оваа година, во рамки на „Наградите за е-трговија“ беа доделени 43 награди во 23 категории, препознавајќи ги најуспешните е-трговци според нивните постигнувања во различни области. Со над 200 номинирани е-трговци, гласовите на потрошувачите имаа клучна улога во изборот на победниците. Изборот се реализираше преку процес од неколку фази кој вклучуваше гласање од јавноста (кое учестуваше со 60 проценти во конечниот резултат) и гласање од стручната жири-комисија (40 отсто од конечниот резултат). Категоријата
„Најпопуларна е-продавница“ беше единствената во која победникот беше избран исклучиво врз основа на гласовите од јавноста, што ја прави оваа награда вистински одраз на довербата и задоволството на онлајн купувачите.
Во продолжение се претставени победниците по категории.
Најдобри е-продавници по сектори:
● Е-продавница за облека, обувки и модни додатоци: fashiongroup.com.mk
● Е-продавница за бела техника и електроника: neptun.mk
● Е-продавница за храна и пијалоци: korpa.mк
● Е-продавница за туристички услуги: jk.mk
● Е-продавница за здравје, нега и убавина:
○ Прво место: zegin.com.mk
○ Второ место: coslovemetics.mk
○ Трето место: fashiongroup.com.mk
● Е-продавница за дом, градина, мебел и канцелариски материјали: ananas.mk
● Е-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки: bebehome.mk
● Е-продавница за услуги:
○ Прво место: telekom.mk
○ Второ место: a1.mk
○ Трето место: evnonline.mk
● Е-продавница за уметност, култура, настани и едукација: literatura.mk
● Маркетплејс и мулти е-продавница:
○ Прво место: ananas.mk
○ Второ место: korpa.mk
○ Трето место: delimano.com.mk
● Е-огласник: pazar3.mk
Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање:
● Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање: telekom.mk
● Е-трговец со најдобра достава:
○ Прво место: ananas.mk
○ Второ место: korpa.mk
○ Трето место: paket.mk
● Е-трговец со најдобра грижа за корисници:
○ Прво место: telekom.mk
○ Второ место: ananas.mk
○ Трето место: a1.mk
● Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми:
○ Прво место: ananas.mk
○ Второ место: fashiongroup.com.mk
○ Трето место: coslovemetics.mk
● Најдобра веб-страница за плаќање на сметки: evnonline.mk
● Мобилна апликација за е-трговија на годината: telekom.mk
● Најдобра е-продавница со меѓународна продажба: svetotnabibi.mk
● Најдобар верификуван е-трговец: fashiongroup.com.mk
● Најдобра е-продавница основана од жена:
○ Прво место: coslovemetics.mk
○ Второ место: smartliving.mk
○ Трето место: vitalia.com.mk
Шампиони во е-трговија:
● Најпопуларна е-продавница:
○ Прво место: ananas.mk
○ Второ место: coslovemetics.mk
○ Трето место: telekom.mk
● Најдобра новоотворена е-продавница: formanova.com.mk
● Е-трговец на годината:
○ Прво место: ananas.mk
○ Второ место: telekom.mk
○ Трето место: fashiongroup.com.mk
На свечената церемонија, на победниците им беа врачени престижни статуетки како признание за нивната извонредност во е-трговијата, како и дигитални беџови што можат да ги истакнат на своите е-продавници, за дополнително зајакнување на довербата кај купувачите. Победниците се објавени и на официјалната веб-страница на натпреварот: https://ecommerceawards.mk/pobednici/.
Наградите за е-трговија оваа година се организираа со поддршка на PRIME партнерите – ИУТЕ и Mybox, како и други реномирани партнери од приватниот сектор, кои заеднички придонесуваат за развојот на е-трговијата во Македонија.
Асоцијацијата за е-трговија на Макеоднија и понатаму ќе продолжи да работи на унапредување на секторот, промовирање на дигиталната трансформација и поддршка на е-трговците во нивниот раст и развој.