Иницијативата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol. 4“, четврта година по ред, ќе поддржи македонски микро и мали бизниси да започнат со онлајн продажба преку своја е-продавница.
Како што информираат од Асоцијацијата, Петнаесет избрани компании ќе имаат можност бесплатно да отворат своја е-продавница преку постоечки маркетплејс платформи или со сопствено софтверско решение, и да добијат практична обука за успешно онлајн продавање и зајакнување на нивниот бизнис.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ), четврта година по ред, во партнерство со компанијата Visa, објавува јавен повик во рамки на програмата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси“ vol. 4. Програмата е наменета за микро, мали и средни компании кои немаат е-продавница и сакаат да започнат со онлајн продажба преку нов продажен канал, како дел од постоечка маркетплејс платформа или преку сопствено софтверско решение, како и да ги унапредат своите вештини за е-трговија и дигитален маркетинг.
Во рамки на програмата ќе бидат поддржани 15 микро, мали и средни компании кои ќе добијат можност да започнат со онлајн продажба преку бесплатно отворање на е-продавница.
Во изминатите три изданија на јавниот повик, 55 домашни бизниси веќе го направија првиот чекор кон продавање онлајн. Некои за првпат почнаа да продаваат надвор од своето место на живеење, други станаа достапни за купувачите 24/7, а трети отворија нов продажен канал што им помогна да го развијат својот бизнис
Целта на повикот, како што стои во образложението на повикот е да им овозможи на компаниите да отворат е-продавница како дополнителен продажен канал и да ги унапредат своите деловни процеси поврзани со е-трговијата. Преку програмата, учесниците ќе стекнат практични знаења за е-трговија и дигитален маркетинг и ќе бидат во чекор со актуелните трендови, со цел зголемување на видливоста и онлајн продажбата.
Со овој повик, АЕТСМ, во партнерство со компанијата Visa, придонесува кон зајакнување на конкурентноста на микро, малите и средните компании.
Програма
Програмата опфаќа поддршка за отворање на нов продажен канал – е-продавница
Селектираните компании ќе добијат вредносен пакет од 1.000 евра за:
- отворање е-продавница во рамки на постоечка локална маркетплејс платформа, со вклучен маркетинг пакет за промоција или
- сопствена е-продавница со развој на софтверско решение.
Едукативна обука
Одбраните кандидати ќе присуствуваат на еднодневна практична обука „Од локален бизнис до онлајн продавница“, со физичко присуство. Темите вклучуваат:
- алатки за управување и одржување на е-продавница
- дигитален маркетинг за е-трговија
- маркетинг и рекламирање на социјални медиуми.
По завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат за успешно завршување на програмата од Асоцијацијата за е-трговија;
Изборот на компаниите кои ќе бидат дел од програмата за отворање на е-продавница ќе се одвива во месец јули 2026 година, по што веднаш ќе се започне просецот на отворање на е-продавниците. Едукативниата обука ќе се одвива еднократно, во текот на месец септемрври 2026 година.
По завршување на обуката, учесниците ќе можат да контактираат со тимот на АЕТСМ и со предавачите за отворените прашања поврзани со темите опфатени на обуката, но и со нивното работење.
Кој може да учествува и што добива?
Јавниот повик е наменет за микро, мали и средни компании кои во моментот не продаваат онлајн, односно немаат сопствена е-продавница и не се присутни на онлајн маркетплејс, а имаат интерес да започнат со онлајн продажба.
Апликантот треба:
- да е регистриран правен субјект
- да нема добиено поддршка во претходна иницијатива на АЕТСМ за отворање е-продавница
- да не продава производи и или услуги онлајн во моментот, ниту преку сопствена е-продавница, ниту преку домашна маркетплејс платфома.
Едукативната обука ќе можат да ја посетат најмногу двајца претставници од секоја избрана компанија.
Избраните компании добиваат:
- отворање на е-продавница како нов продажен канал,
- зголемена онлајн видливост,
- практични знаења за е-трговија и дигитален маркетинг,
- пристап до нови клиенти,
- потенцијал за зголемена продажба.
Средствата потребни за програмата за отворање на е-продавница и унапредување на дигиталните вештини поврзани со е-трговија ги обезбедува АЕТСМ, во партнерство со компанијата Visa, преку иницијативата „Поддршка на локалните бизниси со помош на е-трговија” vol. 4.
Пријавените компании бесплатно учествуваат во програмата, но подлежат на процес на селекција и избор. Партнерите на програмата (ИТ компании и маркетплејс платформи) финансиски или консултантски може да придонесат во поддршката на ММСП во процесот на отворање на е-продавница.
Критериуми за учество
За да се пријавите треба да ја пополните онлајн апликацијата тука, најдоцна до понеделник, 20.07.2026 до 23:59 часот.
Поради ограничен број на учество, ќе се прави избор на учесници кои ќе можат бесплатно да отворат своја е-продавница и да ја следат еднодневната обука за зајакнување на дигиталните вештини за е-трговија и дигитален маркетинг.
Апликантот треба да ги исполнува следните услови:
- да е регистриран правен субјект и да спаѓа во категорија микро, мало или средно претпријатие
- да не продава производи и или услуги онлајн во моментот, ниту преку сопствена е-продавница, ниту преку друга домашна маркетплејс платформа.
- да нема добиено претходна поддршка од АЕТСМ за отворање е-продавница во рамки на ваков или сличен повик
- да има целосно и точно пополнета апликација за учество.
Комисија составена од експерти во областа на е-трговијата ќе ги разгледува апликациите и по однапред утврдените критериуми наведени во овој јавен повик ќе ги одбере учесниците кои ќе ја следат програмата за отворање на нова е-продавница и за зајакнување на дигиталните вештини за е-трговија и дигитален маркетинг.
Со цел дополнителна поддршка на жените претприемачи и младите кои успеале да започнат сопствен бизнис, сите жени претприемачи и апликанти под 29 години ќе добијат дополнителни пет поени.
Рокот за започнување со учество во проектот е веднаш по потпишувањето на договор за учество со АЕТСМ преку кој учесникот ќе се обврзе за следење на бесплатните обуки за развој на дигиталните вештини и поставување на производите во рамки на ново-изградената е-продавница или на некој од локалните маркетплејс платформи.