Компанијата „ЕЛС“ неодамна го одбележа своето петгодишно постоење. Бизнисот е започнат во Скопје, за сега веќе да се прошири и функционира низ многу градови во државата со преку 30 канцеларии, 100 моторни возила и 160 вработени, кои секојдневно се грижат пратките успешно да се достават до клиентите. Она што „ЕКС“ ја разликува од останатите сродни компании е што нуди услуги и за експресни пратки, со брз и еколошки транспорт низ главниот град да стигнат за помалку од еден час.

Компанијата ги покрива сите поголеми градови со сопствени магацини односно подружници: Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Дебар, Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Струмица, Велес, Штип, Кочани, Делчево, Куманово, Ресен, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш.„ЕЛС“ има најголем процент на успешно доставени онлајн пратки. Компанијата е бонитетна и без долгови и кредити и бележи најбрз раст во регионoт со над 700%.

Првиот човек на компанијата, извршниот директор Игор Гешовски, вели дека визијата и мисијата на „ЕЛС“ е да се шири и развива колку и каде што е потребно.

„Еден од моите колеги најблиски соработници ме праша, до кога ќе одиме со ова темпо? Јас му одговорив додека постои „ЕЛС“. Крајниот ефект е импозантен, ние во декември 2022 година имавме преку 203 000 пратки доставено и тоа е апсолутен рекорд во Македонија. Нашата главна сила е спојувањето, а воедно правиме и еден проект за меѓународно поврзување. Имаме одлични партнери и подружници во другите градови. Гевгелија и Струмица се шапмиони, Прилеп ни ги зема сите награди. Хабот во Крива Паланка нема досега утка во ниту една пратка. Од Скопје би го издвоил Хабот во општина Центар“, вели Гешовски.  

Кои се плановите на компанијата?

Како што најавува Гешовски, постојат неколку работи кои ќе го пласираат јавно, продукти кои ја одделуваат „ЕЛС“ од конкуренцијата.

„Ќе почнеме со достава и на габаритни пратки во Македонија во исти ден, покрај Скопје, тоа никој не го нуди во регионот. Аплициравме и за да бидеме сервис за трансфер за пари, а веќе имаме одобрение од Народна Банка за работење на меѓународни плаќања. Имаме понуди и од неколку брокерски и осигурителни компании да бидеме сервис и за осигурување и издавање на полиси. Има неколку пикантерии – ЕЛС ќе го покаже системот за 24 часовен сервис, телефон кој 24 часа клиентите ќе може да се обраќаат за одредени промени или потреби. Од следниот месец ќе промовираме и нов проект кој на запад не е, меѓутоа кај нас ќе биде новина – станува збор за погабаритни пратки, техника или почувствителни предмети кои двајца вработени ќе треба да ги качат до одредена локација. Идејата ни е да направиме една супер брза и модерна пошта со најмногу услуги. Ќе бидеме лидери и во достава на лекови и медицински помагала. Главниот бренд годинава што треба да го одбележи ЕЛС е меѓународната размена на пратки. На тој начин Македонија ќе ја отвориме кон Европа и светот и ќе овозможиме економски раст на државата. Со тоа сакам да ја добиете сликата каде оди компанијата“, најавува Гешовски.

Досега, успеале да постават и околу 150 соблекувални во канцелариите низ цела Македонија. Сите подружници веќе добија и унифицирани амбалажи за пакување.

„Промените се составен дел од животот и мора да се развиваме. Сите кои се спремни да одат напред нека веруваат дека можеме да одиме напред. Сите што имаат иницијативи за приватни активности за поддршка и идеи ќе бидат посебно ценети и наградени“, потенцира првиот човек на компанијата „ЕЛС“, Гешовски.  

Инаку, во склоп на услугите кои ги нудат, „ЕЛС“ располага со меѓународен високософистициран Систем за најава и следење на пратки преку кој ќе имате комплетен увид во статусот на секоја Ваша пратка. Компанијата има и најсовремен софтвер за евиденција на пратки, како и можност за следење на истите.