
Економскиот успех и напредок на една дражава се гледа според растот на нејзиниот домашен бруто производ, или вообичаено и скратено - БДП. Кога квантумот на БДП ќе се подели со бројот на жителите на таа змеја, се добива колку од тој БДП му паѓа на секој жител, како што велат економистите БДП по глава на жител (GDP per capita), што е показател за просечниот животнен стандард на нејзините жители.
Последниве месеци се пласираат податоци според кои, наводно, Македонија е трета или пета економија во Европа, но никој не кажува според кои параметри. Како што рековме, единствен показател на силата на една економија е нејзиниот домашен бруто производ, што значи колку таа произведува производи, услуги, инвестици, потрошувачка и друго. За животниот стандард важни се висината на платите, инфлацијата, невработеноста, распределбата на доходот и продуктивноста, со што македонската економија не може да се пофали со високи дострели.
Како потврда дека Македонија никаде ја нема на ранг листата на земји што можат да се пофалат со својот БДП, ги наведуваме најновите проценки и проекции на ММФ за 2025 и 2026 година:
Најголемите европски економии се:
Земја БДП 2025
1 Германија околу 5,05 трилиони $
2 Обединето Кралство околу 4,00 трилиони $
3 Франција околу 3,37 трилиони $
4 Русија околу 2,59 трилиони $
5 Италија околу 2,55 трилиони $
6 Шпанија околу 1,90 трилиони $
Проекција за 2026 година
Земја БДП 2026
1 Германија околу 5,45 трилиони $
2 Обединето Кралство околу 4,26 трилиони $
3 Франција околу 3,60 трилиони $
4 Италија околу 2,74 трилиони $
5 Русија околу 2,66 трилиони $
6 Шпанија околу 2,09 трилиони $
Македонија ја нема на овој споисок, а ја нема ни во првите 20 европски економии. Според најновите проценки на ММФ (април 2026), ова е рангирањето на европските земји по номинален БДП за 2025 и 2026 година.
Земја БДП (милијарди $)
1 Германија 5.048
2 Обединето Кралство 4.003
3 Франција 3.369
4 Русија 2.588
5 Италија 2.550
6 Шпанија 1.904
7 Холандија 1.332
8 Швајцарија 1.044
9 Полска 1.036
10 Белгија 725
11 Ирска 718
12 Шведска 669
13 Австрија 580
14 Норвешка 531
15 Данска ~440
16 Чешка ~410
17 Романија ~405
18 Португалија ~330
19 Финска ~320
20 Грција ~270
ММФ ги рангира и земјите и според БДП по жител, односно земји во кои жителите живеат со висок стандард со нивните просечни годишни примања:
Топ 10 по БДП по жител (2026)
Земја БДП по жител ($)
1 Монако 256.581
2 Лихтенштајн 226.809
3 Луксембург 158.733
4 Ирска 140.186
5 Швајцарија 126.177
6 Исланд 110.048
7 Норвешка 105.877
8 Данска над 80.000
9 Холандија над 70.000
10 Австрија над 60.000
Каде е Македонија?
Македонија има БДП од околу 18–20 милијарди долари во 2025–2026 година. БДП по жител од околу 9.000–10.500 долари. По вкупен БДП е приближно меѓу 35-тото и 40-тото место во Европа. По БДП по жител е исто така во долниот дел на европската листа, пред Албанија и Босна и Херцеговина, но зад повеќето членки на ЕУ.
Економијата на Германија е повеќе од 250 пати поголема од македонската.
Еден жител на Луксембург создава околу 15 пати повеќе БДП од просечниот жител на Македонија.
Македонија во споредба со соседите (2026)
Земја БДП по жител (US$) Однос со Македонија
Словенија ~37.000 околу 3,5 пати повисок
Хрватска ~25.000 околу 2,5 пати повисок
Грција ~25.000 околу 2,5 пати повисок
Бугарија ~18.000 околу 1,8 пати повисок
Црна Гора ~14.000 околу 40% повисок
Србија ~13.000 околу 25% повисок
Македонија ~10.000
Албанија ~9.500 слично
БиХ ~9.000 малку пониско
Целокупниот БДП на Македонија е приближно колку економијата на еден средно голем европски град како Љубљана или Братислава со нивната поширока градска област.
Работите треба да се кажуваат реално, а не јавајќи на општонародната неинфомриност, според дневно политичките потреби. Но, какви и фалби да се пласираат дека земјата напредува метеорски во економијата – бројките се немилосрдни.