Тековната 2023 година започна со деловни ветувања и оптимизам. Трендот продолжи и во третиот квартал. Подвлечената линија покажа зголемување на бројот на отворени компании, а активностите се различни - од услуги „хаус мајстор“ до угостителство и забава.

Без дополнително анализирање на причините за зголемениот број на нови правни лица во Европа и Америка (напоменувајќи дека ова е очекуван симптом после Ковид), американскиот центар за економска анализа Yelp ги презентираше податоците во име на шестмесечниот пресек. Деловниот бум е очигледен.

Што велат податоците за првата половина од 2023 година?

Накратко, оваа година ќе остане забележана како година на раст на бројот на компании. Во однос на претходните четири, 2023 година бележи пораст од 15 отсто, а во однос на истиот период од 2022 година, бројот на нови правни лица е зголемен за цели 25 проценти. Ако оваа година се спореди со 2019 година, Yelp објави дека зголемувањето е вртоглаво – 46 отсто.

Што се однесува до активностите што ги пријавија новоотворените компании, тие убедливо се предводени од туризмот и патувањето (област која забележува раст од 39 проценти), потоа „домашни“ услуги - од внатрешен дизајн, до услуги за одржување, поправка и „домаќинство“ (37 отсто).

Интересно е и зголемувањето на бројот на регистрирани фирми за автосервис ( со раст од 27 отсто), како и организирање на разни настани и собири без разлика на поводот (27отсто).

Пораст од околу 18 проценти бележат и бизнисите кои се базираат на храна, производство и дистрибуција на прехранбени производи, вклучувајќи ја и понудата на ресторани. Продолжува трендот на „активен“ и здрав живот, како и зголемување на потребата од услуги за „убавина“ (13 отсто).

Исто така зголемен е бројот на нови трговски центри, барови и ноќни клубови (за девет отсто повеќе). Што се однесува до уметноста и уметниците, и таму има повеќе работа, но само за еден процент во однос на лани (ако зборуваме за трговија, понуда и побарувачка).

Каде да започнете бизнис?

Аналитичарите препорачаа и неколку европски земји поволни за започнување бизнис.

На оваа слика за зголемувањето на бројот на нови правни субјекти, корисно е да се потпреме на податоците што, на пример, британскиот Брадфорд Џејкобс, ги презентираше во јавноста, во однос на препораката во која европските земји се најдобри за отворање на компанија и да започнете бизнис оваа година.

За таа цел на прво место се критериумите поврзани со барањето за основање, потоа првите деловни чекори и Индексот на леснотија на водење бизнис.

Литванија е првата препорака за започнување нов бизнис, според аналитичарите на Брадфорд Џејкобс. Таа е рангирана на 11-тото место во светот според индексот на леснотија на водење бизнис. Овде не ви треба минимална инвестиција за да започнете бизнис, но треба да знаете дека државата фаворизира активности кои опфаќаат биотехнологии, нанотехнологии, ИТ, електроника, ласерска технологија.

Добар избор за основање правно лице годинава е и Шведска. Аналитичарите велат дека шведското деловно опкружување е поволно. Потребен е минимален капитал (околу 200 илјади шведски круни -SEK или околу 17 илјади евра). Потребно е и познавање на англиски или шведски јазик, вели Бредфорд Џејкобс.

Бизнис од Германија до Романија

Како една од водечките економии во Европа, Германија се препорачува за започнување бизнис. Институциите немаат специфични минимални барања за инвестирање – освен доказ за средствата што ги поседувате. Бредфорд Џејкобс исто така забележува дека претприемачите мора да презентираат солиден бизнис план со проекции и претпоставки кои предвидуваат профитабилен бизнис. Германија е добра локација за деловни потфати, советуваат деловните аналитичари.

Белгија нуди деловна атмосфера каде што, за почеток, треба да имате капацитет да инвестирате од 350 до 500 илјади евра во првите пет години од работењето. Тоа е атрактивна локација за проширување на бизнисот.

Унгарија оваа година е на листата на препорачани земји за започнување бизнис. Тука треба да се споменат хонорарите кои се бараат од основачите и на кои треба да сметаат. Пониските оперативни трошоци и поволниот даночен систем ја прават Унгарија атрактивна деловна средина за почеток.

Латвија и Романија се две други европски опции кои треба да се разгледаат. Латвија има добра стратешка локација и добро развиена инфраструктура, што е плус за започнување бизнис. Поволни се и условите за основање компанија, исто како и во Романија. Во Романија сметајте на неопходно вработување на работници и минимална почетна инвестиција од 150 илјади евра. Инаку, Брадфорд Џејкобс го оценува токму овој пазар како „растечки пазар за претприемачи“.