Како да дизајнирате бренд кој ќе привлече повеќе клиенти од конкуренцијата?

Колку и да е добро името на брендот, луѓето нема да го паметат само поради називот, туку затоа што го поврзуваат со некоја емоција или со нешто што е постојано присутно во нивните животи.

Како да дизајнирате бренд кој ќе привлече повеќе клиенти од конкуренцијата?

Името на брендот е дел од целокупниот идентитет на брендот којшто се состои од визуелен идентитет, ветување, вредност и култура, личност, слика, карактер, репутација, суштина, тон на гласот што предизвикува позитивни слики и емоции кај потрошувачите.

Целта на секое брендирање во кое името носи еден дел од улогата е да се разликува од конкуренцијата, односно да се создаде ментален простор во главите на клиентите или корисниците кои всушност ќе го окупираат нашиот бренд.

Име и визуелен идентитет

Прашањето за името, како и визуелниот идентитет на брендот, е тесно поврзано со прашањето на интелектуалната сопственост. Имено, доколку сакаме да го засноваме нашиот бизнис на препознатливост и силен имиџ од што при продажбата би имало капитализација или привлекување инвеститори, тогаш името и трговската марка неминовно е да го заштитиме во одредена индустрија, на одредена географска територија.

Брендот може но не мора да има исто име како компанијата. Односно фирмата може да биде регистрирана под едно име што го користи и на фактурите, а друго на излогот на деловниот простор, или нејзините производи, што е целосно легално..

Важно е да се нагласи дека, откако ќе развиеме производ до ниво на генерирање приход, мудро е да се заштити името на брендот, така што брендот што нуди ист или сличен производ како нашиот и под исто или многу слично име, не се појавуваат на истиот пазар. Затоа што во тој случај, се јавува конфузија во главите на клиентите.

Факт е дека клиентите или корисниците нема да изберат производ или услуга само поради неговото име, но името секако ќе помогне да се запамети или целосно да се заборави, се зависи од целокупното искуство со брендот, дали е позитивно или не.

Дилеми во именувањето на брендот

Честа дилема со која се соочуваат луѓето при именување на бренд е: што ако тие го имаат истото име како друга компанија или услуга, или производ на друга компанија? Притоа треба да се има на ум дека има многу малку зборови кои ако ги напишете во пребарувач нема да дадат резултати или ќе ги има малку.

Амбицијата во именувањето не треба да биде во насока на измислување или откривање на збор што се уште не е смислен или неоткриен. Амбицијата треба да биде да се користат зборови кои ќе бидат нови во индустријата во која работи брендот. Со други зборови, ординација што го има префиксот „ дентал“ во своето име или клиника која има „мед“ во своето име, ќе има мали шанси да се разликува од конкуренцијата. Од друга страна, употребата на зборот „дентал“, доколку се работи за услуга поврзана со стоматологија, протетика и слично, ќе им олесни на корисниците да знаат што прави една компанија.

Важно е во одредена индустрија да се прави разлика помеѓу целната публика, а не на целата национална територија или на глобално ниво.

Дизајнирање име

При дизајнирање на името на бренодт треба да се има предвид и дека името ќе се користи во дигитални канали (на веб-страницата, профилот на Facebook или LinkedIn) меѓу кои има доста гужва.

Имено,  именувањето е само прв чекор, почетна фаза на создавање на еден бренд. Се разбира, не со помала вредност од следните. Повеќето грешат токму на овој прв чекор, затоа што го сметаат за најлесно.

А токму тоа- именувањето, претставува една цела наука. Поаѓајќи од некои од основните правила: името да биде кусо, едноставно, да означува категоријална припадност, потоа единственост, звучност, лесен изговор. А, сето тоа во теоријата на современиот маркетинг се нарекуваат закони: на зборовите, автентичноста, квалитетот, категориите, а кои го дефинираат влијанието на брендот врз свеста на купувачите.