Во моментов, секој што има некаква парична заштеда и што размислува да ја зачува нејзината вредност, размислува како да го направи тоа. Некој се решава да купи недвижен имот, накој да вложи во криптовалути, во акции, во државни обврзници, во инсвестициони фондови, во странски валути…  дилемата е навистина голема и ризикот исто така. Секогаш, по инвестирањето на парите, секој се прашува дали го направил вистинскиот избор. Цената на некои вредности постојано расте, но никој не знае кој од вложение артикли ќе избие на прво место, или ќе почне да ја губи цената.

Во актуелнава планетарна ситуација, сите се грабаат за златото. Побарувачката не само што не се намалува, туку расте. Аналитичарите тврдат дека вредноста од околу 4.000 евра за унца е реална дури и за следниот период. Ако ги слушаме нив, тоа значи дека цената на најблагородниот метал во следниов период ќе биде стабилна, односно нема да се намалува! Овој податок мораме да го имамае предвид, за да не ни се случи да се каеме во случај таа да почне да паѓа.

Цената на златото на светскиот пазар последниве години расте со поголема брзина отколку во поранешниот период, поради заострувањето на ризиците во инвестирањето, особено поради економските последици од украинската и блискоисточната криза, а се разбира можеби најмногу поради воведувањето на царинските мерки што ги наметна Америка, па падот на американскот долар, од  што вредноста на капиталот на земјинава топка мора да се заштити.

За да ги заштитат своите девизни резерви, централните банки продолжуваат со купување на златните продукти, без оглед на цената на светските берзи.

„Светскиот совет за злато“, информира дека глобалната побарувачка за злато во првиот квартал од 2025 година достигна 1,206 тони, што е зголемување од еден процент во однос на истиот период минатата година.

Цената на инвестиционото злато на светската берза во мај 2025 година. Достигна рекордни 2.430 американски долари за унца, што претставува зголемување од скоро 20 проценти во однос на почетокот на годината и дури 38 проценти во однос на истиот период 2024 година.

Се покажа дека е цената на златото непрекинато расе веќе шеста година.

Кога зборуваме за индивидуалните инвеститори - кои обично купуваат златни лостови и златни монети - може да се види дека побарувачката за инвестиционото злато се зголемила за дури 170 проценти во минатата година. Најголем придонес за овој раст доаѓа од Европа и Азија. Откако Европјаните беа повеќе фокусирани на продажба на злато, поради политичката и економската неизвесност, особено во однос на трговската војна во САД, сега сме сведоци на промена на однесувањето на инвеститорите.

Податоците велат дека побарувачката за поголеми златни производи е поизразена отколку за помали. Главната причина за ова се пониските маргини кај поголемите производи - како резултат на фиксни трошоци за производство, тие зафаќаат помал процент во вкупната цена на поголемите златни единици (повеќе од 20 грама) во споредба со тие од еден грам.

Кога станува збор за централните банки, тие продолжуваат со набавки на злато низ целиот свет. Во првите три месеци од 2025 година, централните банки имаат купено вкупно 243,7 тони злато. Иако станува збор за намалување од 21 процент во однос на првиот квартал на 2024 година, ако се задржи ова ниво на набавка, 2025 година може да стане  рекордна година по акумулацијата на златото од страна на централните банки.

Меѓу најголемите клиенти на светскиот пазар се Кина (12,8 тони), Казахстан (6,5 тони), Чешка (5 тони), Турција (4,1 тони) и Индија (3,4 тони).

Економските аналитичари велат дека цената на златото се’ уште го нема достигнато својот максимум, па затоа препорачуваат заштедите да се конвертираат во овој благороден метал.

Се разбира дека секое инвестирање носи ризик, некому   ќар, некому зијан!

Има уште една непогодна работа во инвестирањето, а тоа е - инвестираните пари не ви се на располагање во секој момент, па ако излезе некоја итна потеба, треба да се претрча истата патека за претворање на инвестираните продукти во валутата што ви е потребна за да ја  задоволите потребата.

Старите велат – да немаш е тешко, но да имаш е уште потешко!