Биди лидер со цел - порачува психологот и обучувач за лидерски вештини Цветанка Бурзевска. Тоа ова работи веќе седум години, а наскоро на оваа тема ќе  дел од Самитот за лидерство кој ќе се случува во октомври годинава. Моментално работи e-mail маркетинг, а паралелно е и дигитален маркетинг стратег и психолог во „Моди Центар“ во Скопје, каде е соосновач на компанијата. 

Како што вели Бурзевска, целното лидерство е степенот до кој лидерот има силно морално јас, визија за неговиот или нејзиниот тим и презема етички пристап кон лидерството обележан со посветеност кон засегнатите страни. Основен елемент на целното/намерното лидерство е да му биде јасно на кого му служи на неговата позиција, и во добри и во тешки времиња.

Петте принципи на целно лидерство 

-Што сакаш да правиш како лидер?

-Какво позитивно влијание сакате да имате врз светот?

-Какви односи сакате да негувате или воспоставувате?

-Што се смени поради вашето водство?

- Колку сте автентични?

Како што вели Бурзевска, мора да бидете јасни за вашата цел, целта на оние околу вас и како тоа се поврзува со целта на вашата компанија. 

„Кога работиме во компанија, треба да имаме јасна цел. Нашта визија да ја претставиме на вработените да можат да не разберат. Бидете јасни и за вашата улога. Клучната улога на лидерот е да создаде енергија и моментум - особено кога околностите се тешки. Да им се објасни на вработените што се случува.  Доли Партон рекла: „Ако вашите постапки ги инспирираат другите да сонуваат повеќе, да научат повеќе, да прават повеќе и да станат повеќе, вие сте лидер. Основен елемент на намерното лидерство е да се биде јасно на кого му служите на вашата позиција, и во добри и во тешки времиња. Како лидер, мора да им служите на луѓето на првите линии, водејќи го бизнисот. Им служите на колегите. Вие му служите на вашиот одбор на директори. Им служите на луѓето околу вас, така што прво ќе разберете што треба да го дадат најдоброто од себе за да можете да дадете се од себе за да ги поддржите“, посочува таа. 

Други принципи, како што наведува Бурзевска е луѓето да бидат водени од вредностите и да бидат автентични. 

„Кажете ја вистината и правете го она што е правилно. Имајте мудрост да ја знаете разликата помеѓу она што можете и што не можете да промените. Пожелно е да се разговара со вработените, ако некој од нив згрешил, можеби не е вина на вработениот. Потребно е лидерот да знае за како да се постави кон неговите претпостави. Биди свој, твоето вистинско јас, целото свое јас, најдобрата верзија од себе. Бидете ранливи. Бидете автентични. Да се биде ранлив и автентичен не значи да им претоварите сè на вашите колеги. За лидерите, тоа значи споделување емоции и борби кога е соодветно и корисно за другите, објаснува Бурзевска. 

Предности на лидерот со цел 

Мотивација и благосотојба - напредокот кон значајна работа делува како магнет за максимизирање на напорите, интелектот, емоционалната и социјалната интелигенција на лидерот. Овие состојки се неопходни за лидерот да го постигне својот целосен потенцијал.

Конзистентност - лидерите чии акции се усогласуваат со нивната цел се конзистентни со нивните одговори, дури и во брзо менување на деловното опкружување. Без јасна и разбрана цел, постапките на лидерот често се чувствуваат случајни или манипулативни.

Јасност за време на сложеност - целта на лидерот е компасот што ги држи да се движат во вистинската насока во време на несигурност, сложеност и нејаснотија.
Создавање на здрави гаранции - јасноста на донесување одлуки водени од цел им овозможува на лидерите да создадат здрави граници за тоа како го инвестираат своето време и енергија. Самата суштина на лидерството е неговата цел. А целта на лидерството е да оствари задача.

„Како лидер, оценете ги одлуките и активностите. На пример, запрашајте се дали одлуката или акцијата ќе помогнат или ќе му наштетат на вашето влијание како лидер. Не давајте ветувања освен ако не можете да ги одржите.  Ако не можете да го исполните ветувањето, важно е да дадете некои објаснување или повратна информација зошто не сте биле во можност да го исполните ветувањето. Намерното водење може да биде предизвик; бара труд, вежбање и фокусирање. Намерниот лидер бара свесност за водењето и влијанието што го имаат неговите одлуки на другите“, порачува Бурзевска. 

Таа ќе биде еден од неколкуте говорници на годинешниот Самит за лидерство 2022 година, кој ќе се одржи на 29 октомври во Скопје.