Превоз до посакуваната дестинација на одмор без клима уред, сместување кое не е според договорот со туристичката. Тоа веројатно е и најлесната формула за почеток на уништен одмор. Речиси секоја година се случува куршлус - некоја туристичка агенција буквално да ги “зафркне“ нивните клиенти. И тоа со разни случаи. На пример, сте платиле апартман, а сте добиле четири единечни кревети. 

Сепак, агенциите се должни да ви ја испорачаат услугата за која сте платиле. Како граѓани имате две можности - едната е да тужите, а другата да пријавите во Државниот пазарен инспекторат, телефонски или онлајн. Пријавата мора да биде придружувана со соодветна документација. Најдобро е тоа да биде договор, склучен за аранжманот, фискална сметка за уплата или фактура, доколку има и останати документи или ваучер. 

За остварување на своите права, мора писмен договор. За тој да биде валиден, мора точно да биде наведено во кое време патувате, почетокот и крајот на услугата, категоријата на сместувањето... Ако имате платено и за оброци во аранжманот, најдобро е да бидат наведени и тие. Потоа, категоријата на превозот со кој стигнувате до локацијата, името на агенцијата и телефонскиот број. 
Кога пристигнете на посакуваната дестинација и видите дека условите наведени во договорот, не се исти во реалноста и не се исполнети, постојат неколку решенија.

Може да му предочите на туристичкиот водич или да се јавите веднаш во туристичката агенција дека не сте задоволни и дека тоа не се за кои сте платиле. Туристичката агенција мора да ви понуди адекватно сместување, односно заменско, за сумата која ја имате платено. Може да го прифатите или одбиете. Доколку не го прифатите, турстичката агенција мора да ви обезбеди превоз за назад од местото каде сте пристигнале. 

Во случај да го прифатите аранжманот, а тој не е во согласнсот со договорената услуга - имате право да барате штета за изгубени денови од одмор. Воедно, имате право да барате и намалување на цената. Намалувањето нема никаква врска со барањето на штета. Граѓаните откако ќе се вратат од одмор, можат во рок од осум дена да испратат приговор и да бараат намалување на цената за она што го платиле, во споредба со она што го добиле. 

Како и да е, туристчката агенција е должна да ви даде намалување на цената. Доколку тоа не се случи, може да одите на суд. На суд, може да барате два вида оштети - за намалување на цената и за изгубени денови од одмор. 

Она што не е помалку важно е дека освен договорот со туристичката агенција, мора да имате и ваучер со агенцијата што го организира патувањето. Туристичка агенција за да организира патување во странство мора да поседува А лиценца. Само таа може да биде директен организатор на патување во странство. Оние турситички агенции со лиценци Б, можат да бидат само посредници. 
Кога ќе го добиете ваучерот, внимавајте ако вашата агенција има лиценца Б. Таа може да посредува во патувањето, но мора да стои на ваучерот името на агенцијата која ја има лиценцата А. Контактите со неа со посредникот во странската земја каде патувате, датумот на почеток и крајот на услугата.