„LinkedIn“ е најголемата професионална мрежа за професионалци во светот. Се користи да се најде работа или пракса, потоа зајакнување на професионалните врски и учење на нови вештини кои помагаат во унапредување на кариерата. Брои повеќе од 850 милиони корисници и е најефективна бизнис мрежа во светот. 

Петар Митров е основач на „Lead Мakers“ маркетинг агенцијата за „LinkedIn lead generation“. Митров има петгодишно искуство во маркетинг и продажба. Главна проблематика со која се занимава е креирање на продажни шанси преку закажување на бизнис состаноци за домашни и странски состаноци во повеќе сектори. Тој вели дека неговата компанија носи потенцијални клиенти на нивните клиенти, со тоа што им закажуваат продажни состаноци исклучиво преку оваа мрежа. 

„Имаме разни клиенти од различно индустрии кои се распространети низ светот. Доколку правилно го оптимизрате вашиот профил и се потрудите да направите квалитетно поврзуање преку преземање на конкретни чекори, ќе креирате неограничени можности за успех преку „LinkedIn“ како канал за генерирање на нови бизнис шанси преку оваа платформа на глобално ниво“, вели Митров.  

Најбитните компоненти на кои посочува дека треба да се запазат за еден профил се професинална профилна слика, која ја зголемува шансата за посета и до 21 пат повеќе. Потоа, позадинска слика создадена преку специфични алатки и креирање на професионален наслов. Преку целосото оптимизирање, вели и сами може да се пласирате на пазарот. 

„Дури 50 насто од цела работа ќе ви заврши среден профил на „LinkedIn“. На пример, профил на другар кој го средивме комплетно заедно во рок од три недели, доби седум понуди за нова работа. Тоа покажува дека ако го апдејтирате профилот и го средите како треба на добриот пат сте да станете таргет на компаниите. За кои кои регрутираат кадри, пак, полето за пребарување има неколку филтри за тоа како да ги најдеме луѓето. Треба да се дефинира таргет на кој ќе му се пристапи. Некој може ќе има потреби од луѓе кои носат одлуки, некој од обични работници. Треба да се направат модели какви пораки да се пратат. Дури и да немате некоја посебна квалификација, може да аплицирате за пракса за стекнување на одредени вештини на работа. Сега постојат разни курсеви каде можат да се стекнете со напредно познавање. А со тоа, и да го зголемите своето CV на мрежата“, објаснува Митров. 

„LinkedIn Premium“ - колку е корисно да се активира? 

За барање на работа преку оваа мрежа, препорачува да се користи делот наречен “career“, за кој вели дека е најефтина опција на премиум услугата. 

„За нас како агенција, користењето на „LinkedIn Premium“ е број еден. Ние им кажуваме на клиентите да имаат веќе активиран премиум профил. Постојат неколку видови  “career“ каде барате работа, “sales navigator“ - ако сакате да понудите некоја услуга, “recruitment“ - наменето на регрутери, “business development profile“, кој го користат сопственици на бизниси. Ние го користиме sales navigator, бидејќи претставува зголемена форма на пребарување, со шанса за снимвање на одредени податоци за луѓето кои сакаме да ги контактираме. Треба да се има одредена цел. Дали сакате да ги контактирате за да им понудите работа. Мора да ви се исплати инвестирањето во премиум профилот. „LinkedIn“ дава тест период 30 дена за бесплатно пробање. Направете план што сакате да постигнете. Ако сакате да најдете работа, развијте концепт кои позиции сакате да ги котирате, која позиција ја сакате“, вели Митров. 

Премиум услугата дава поголем преглед и избор, како и барање на луѓе во квантитет во поголем број. Сепак, како што посочува Митров, ако сте член во некоја премиум група, таа си има свои правила кои зависат од нејзиниот администратор и тоа не значи дека вашата објава ќе биде споделена меѓу другите членови. 

Статистиките говорат дека 89 насто од B2B маркетерите го користат за креирање на потенцијални продажни шанси за луѓето од продажба. Од нив, 62 насто се за двапати повеќе од втората најголема социјална мрежа. „LinkedIn“ е најчесто користен за барање нова работа, барање нови вработени, проекти или клиенти.