Почнува реализацијата на четирите нови системи за наводнување, Страиште, Лисиче, Конско и Пепелиште, со кои ќе бидат опфатени 13 650 хектари земјоделско земјиште. Инвестицијата вредна над 100 милиони евра, ќе се реализира преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Седумдесет отсто од средствата се поддршка од германската КФВ банка, 80 милиони евра заем и 2,8 милиони евра грант за поддршка на земјоделците и земјоделските задруги во областите опфатени со хидросистемите, додека останатите 30 проценти се од државниот буџет.
Како што истакнаа премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски пред денешното потпишување на Договорот со меѓународната консултантска компанија „Consulting engineers Salzgitter “(ЦЕС), четирите нови системи се дел од Програмата за наводнување на Северна Македонија и се протегаат по сливот на реката Вардар.
Хидросистемот Лисиче ги опфаќа земјоделците од Велес и Чашка и обезбедува наводнување за 3 650 хекатри. Системот Пепелиште опфаќа 3 000 хектари во Неготино и Демир Капија, Страиште 1500 хекатри во Валандово и најголемиот, Конско, опфаќа 5 500 хектари на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци и Дојран.
-Реализацијата на оваа Програма е во линија на нашите заложби за создавање модерно земјоделство, по европски терк, со што ги решаваме децениските проблеми на нашите земјоделци. Активностите предвидуваат изградба, рехабилитација и проширување на четири системи за наводнување и изградба на мали хидроцентрали на Лисиче и Конско. Овие системи ќе го зголемат хидропотенцијалот и обемот на земјходелското производство, но ќе ги намалат и економнските загуби, рече премиерот.
Министерот за земјоделство, не го крие задоволството што пред заминување на Владата успеаја да го реализираат овој договор за наводнувањето на земјоделски површини како еден од основните столбови на владините политки.
-Ова е досега историски најголема Програма или најголема капитална инвестиција во водоснабдувањето во износ кој ќе надмине 100 милиони евра. Четирите системи се дел од Програмата за наводнување на Северна Македонија и се протегаат по сливот на реката Вардар, Постојано работиме на моденизација на системите за наводнување, градејќи нови и реконструираји ги постоечките, рече Николовски.
И додаде: За реализација на овие проетки подготвен и усвоен од Владата е Акциски план за спроведување на Програмата за наводнување на Северна Македонија. Со овој план се предвидуваат сите активности за проектирање, подготовка на документацијата и изградбата на сите четири системи за наводнување да бидат завршени во рок од 60 месеци од денот на вовеведувањето во работа на консултантот за имплементацијата, со гарантен период од 12 месеци.
Реализацијата на овој договор ја вршиме со средства од замот кај Кредитната банка за обнова – КФВ од Сојузна Република Германија и средства од националниот буџет, наменет за финансирање на Програмата за наводнување на Северна Македонија.
Модернизацијата и вложувањето во квалитетни системи за наводнување, е еден од петте главни приоритети во нашата работа како министерство. Обезбедуваме наводнување и ја ставаме во функција за производство на храна секоја земјоделска површина. Директно помагајќи ги земјоделците, обезбедувајќи богат и квалитетен род домашна македонска храна.
Германската амбасадорка Петра Дрекслер укажа на важноста од борбата со климатските промени.„Договорот потпишан со консултантската компанија „тежи“ 9,1 милиони евра и предвидува изготвување главни проекти за иградба на четирите системи, подготовка на документација, распишување постапка за изградба, надзор и имплементација. Физибилити студиите се веќе изготвени, а направена е и проценка на еколошкото влијание на системите.“