Како филм од посебен национален интерес држава Србија ќе го финансира филмот „Душан Силни“ со 48 милиони динари.

Сценариото за филмот го напиша Миодраг Мија Илиќ, а како режисер ќе се потпише Петар Пашиќ.

Филмскиот центар на Србија, која стои зад одлулата за грантот, ја објасни одлуката за поддршка на овој филм со 48 милиони динари, меѓу другото, со тоа што „сценариото, кое се карактеризира со прецизно профилирани дијалози, е збогатени со симетрични акциони сцени.

И тие импресивно го надградија експресивниот драматичен потенцијал на оваа приказна за дворски интриги, технологиите потребни за да се добие моќ и цените што мора да се платат за да се добие целосна власт.

Во ова сценарио, Душан Силни е прикажан како владетел во подемот на моќта, како некој што е предодреден за големи дела, како и за создавање на Србија како регионална сила.

Во таа смисла, харизмата на Душан е несомнена и достојна за вистински водач, решен и бестрашен император – се наведува во образложението, кое потсетува дека сценариото било базирано на драмата на Илиќ „Пуч“, која што некогаш се играше со голем успех во Белградскиот драмски театар.

Филмот, дефинитивно е интересен не само заради гледачите во Србија, туку и за тие во Македонија, со оглед дека во 1346 година (16-ти април), во Скопје, српскиот крал Душан Стефан Немањиќ бил крунисан за цар, а во исто време српската црква била издигната во ранг на патријаршија.

Стефан Душан Силни беше и останува најмоќниот српски владетел, градејќи ја најголемата држава што некогаш ја имаа Србите.

Колку што Скопје е важно за животот и владеење на Душан Силниот, толку тој е важен за Скопје. Освен што е крунисан на градот на Вардарот, неговата престолнина била денешно Кале, а тогаш Душановиот град. Некои историски извори тврдат дека и Камениот мост некогаш бил познат како Душановиот мост.

И, што е најважно – Душан токму во Скопје го има напишано Душановиот законик, еден од првите правни акти во Европа. Според законите на Душан – за крањење се сечела рака, за лажење се сечел јазик, а за предавството – предавниците биле убивани.

Се претпоставува дека Душан е роден во Зета 1308/09 година, а почина на 20-ти декември 1355-та. Како првороден на престолонаследникот Стефан, син на актуелниот крал Милутин (1282-1321).

Веќе во 1314 година, Стефан бил прогонет во Цариград затоа што се побунил против неговиот татко, па Душан останал во „Царицата на сите градови“, сè до 1321 година.

Неговиот седумгодишен престој во Константинопол беше време во кое тој се восхитуваше на тогашниот мегалополис, восхит што ќе прерасне во опсесија во времето кога тој владееше…

Како што беше интригантен неговиот живот, и смртта на Душан е подеднакво чудна. На 20 декември 1355 година владетелот на никогаш поголемата српска држава ненадејно почина. Иако една од теориите се сомнева на труење, тоа не е докажано.

Денес, моштите на императорот Стефан Душан се наоѓаат во црквата на Свети Марко во Белград.

Останато, белким, ќе го видиме во филмот…