„Матратцен Конкорд“, кој е во сопственост на кинески бизнисмен, ја купил компанијата за малопродажба Студио Модерна, која беше во сопственост на познатиот основач на „Дормео“ Санди Чешко.

Како што пишува „Блиц“, компанијата „Матрацен Конкорд“( Matratzen Concord),  иако е непозната на домашниот и на регионалниот пазар, е добро позиционирана на европскиот и германскиот пазар. Тоа е најголемиот малопродажен синџир за продажба на душеци, рамки, чаршафи и сета друга „опрема за спиење“. Всушност, „Матрацен Конкорд“ е „консултант за спиење број 1“ во Европа и работи од 1986 година. Компанијата е во сопственост на кинески бизнисмен кој исто така бил снабдувач на „Студио Модерна“. Делот што германската компанија сега го купи од Студио Модерна претставува околу четвртина од досегашните приходи, пишува Dnevnik.si.

Останатите делови на Студио Модерна се уште ги реструктуираме, се уште не можам да кажам повеќе“, рече Чешко.

Да потсетиме, словенечкиот бизнисмен кон средината на мај ги продаде брендовите Дормео, Делимано, Ровус и Топ Шоп на швајцарската компанија Дормео на претприемачот Дарко Хорват.

Чешко во текот на изминатата недела за словенечките медиуми потврди дека е во деловни потешкотии.

Инаку, империјата на Чешко почна да се распаѓа како куќа од карти во 2019 година, по избувнувањето на пандемијата на коронавирус. Потоа, во 2022 година, на компанијата на словенечкиот бизнисмен ѝ беше зададен последниот удар од руската агресија врз Украина.

Санди Чешко признава дека: - украинската војна имаше повеќекратно негативно влијание врз системот Студио Модерна и поради неа го загубивме третиот по големина пазар. На самиот почеток на војната, магацинот на нашата компанија беше бомбардиран и уништен. И покрај се, Украина се уште работи и има 100 вработени –  пренесуваат српските медиуми.

Се уште се бараат решенија за останатиот дел од концернот кој има сериозни финансиски проблеми. Деновиве продавниците на „Дормео“ во Белград се затворени, пишува „Блиц“.

Дормео и останатите брендови на словенечкиот бизнисмен се популарни и во Македонија. Дормео има неколку продавници во Скопје и тоа во сите поголеми молови, како и во ГТЦ и на улица Македонија. Продавници има и во Штип, Битола, Струмица, Тетово и Свети Николе. И судбината на овие продавници е неизвесна.