Американката Клаудија Голдин, професорка по економија од Харвард, е добитничка на Нобеловата награда за економски науки за 2023 година за „унапредување на нашето разбирање за резултатите од родовиот јас на пазарот на труд“, објави Шведската кралска академија на науките.
Кралската шведска академија на науките одлучи да ја додели наградата за економски науки Sveriges Riksbank за 2023 година во спомен на Алфред Нобел на Клаудија Голдин „за унапредување на нашето разбирање за резултатите од пазарот на трудот на жените“.
„Овогодинешниот добитник на Нобеловата награда во областа на економските науки, Клаудија Голдин, го обезбеди првиот сеопфатен извештај за заработката на жените и нивното учество на пазарот на труд низ вековите“, се вели во образложението на одборот за доделување.
Тие посочуваат дека истражувањето на Клаудија Голдин „ги открива причините за промените на родовиот јаз, како и неговите преостанати извори“.
Таа покажа дека родовите разлики нема нужно да исчезнат со економскиот развој и дека економскиот раст не секогаш ги подобрува резултатите на пазарот на трудот на жените.
Клаудија Голдин е само третата жена што ја добила Нобеловата награда за економија, по Елинор Остром во 2009 година и Естер Дуфло во 2019 година.
Престижната награда, формално позната како Sveriges Riksbank Prize for Economic Sciences in Memory of Alfred Nobel, е последната Нобелова награда за оваа година и е вредна 11 милиони шведски круни (999.137 долари).
Наградата за економија не е една од оригиналните награди за наука, литература и мир на Алфред Нобел, туку е создадена во 1968 година од централната банка на Шведска. Се доделува од 1969 година.
Меѓу победниците има многу влијателни мислители како Фридрих Август фон Хајек, Милтон Фридман и Пол Кругман. Меѓу победниците има многу влијателни мислители како Фридрих Август фон Хајек, Милтон Фридман и Пол Кругман.