Клучни технологии во кои треба да се насочи женското претприемништво, со цел жените претприемачи да ја дигитализираат својата компанија. Ова е одговор на прашањето: Кое е значењето на целокупниот процес на дигитализацијата како клучен фактор за промена и еволуција на женските бизниси и нивното приспособување кон дигиталното време во кое живееме. Прашање на кое преку препорака го пренесе своето искуство Викторија Драгановска–ЦЕО и ко-сопственик на Кодит Солушн. Таа е дипломиран инженер по информатичка технологија, добитничка на наградата Most influential woman за 2021 година и членка на бордот на швајцарски стартап за Blockchain продукт наменет за туризам.

 Клучни технологии во кои треба да се насочи женското претприемништво, со цел жените претприемачи да ја дигитализираат својата компанија

 

Дигиталната едукација како и пренесувањето на практичното искуство на жените претприемачки за развој на нивните бизниси е многу важен сегмент за реализација на дигитална трансформација на женските бизниси во нашата земја.

Пет клучни технологии на патот кон дигитализација на бизнисот

Драгановска водејќи се од своето искуство смета дека жените претприемачки треба да се приклучат и да ги применат следните пет клучни технологии. Затоа што токму примената на овие клучни технологии ќе им овозможи да ја направат таа дигитализација во нивните компании.

-Првата, така да кажам клучна технологија е  т.н. интернет на нештата. Со ова технологија се овозможува да се екстрадираат можностите на објектите и предметите, да се конектираат на интернет, да се следат и да се добијат податоци коишто подоцна можат да се обработат. И врз основа на добиените резултати да се направи развој на вашите производи, или предактивности итн.

Втора технологија којашто е исто така битна е 5G, или петата генерација на безжична мрежа што овозможува многу високи брзини. Имплементацијата на ваквата технологија е многу корисна за беспилотните возила. За нас е тоа некоја далечна иднина, но сепак треба да ги препознаеме можностите  за времето кога ќе дојде,“смета  Драгановска.

- Третата технологија за која треба да размислувате за тоа како да инвестирате  или како да ги насочите да ги дигитализирате вашите бизниси е cloud computing – услуга во облак. Ако користите ваква технологија, вие не мора да имате софтвер во вашите приемници, не мора да имате ИТ инженери кои ќе се грижат за вашиот софтвер. Може да користите софтверски решенија во облак кои ќе ви овозможат да растете и во инфраструктура и во абгрејдирање на секакви нови софтверски верзии,“ вели оваа успешна информатичарка, која додаде: „Постојат повеќе вакви сервиси: САС, ПАС, ИЈАН, јас само ќе ги нафрлам, можеби ќе ги препознаете: софтвери за сервис, платформи за сервис, инфрастракт за сервис. Од друга страна, верувам дека голем дел од жените -претприемачки веќе ги имаат користено овие сервиси. Пример за САС платформата е користењето на гугл акаунтот, гугл мејл кој секој го има. Тоа е САС сервис. Ако користите дигитална архива и тоа спаѓа во САС типот на сервис.

Така што верувам дека сите вие можеби на некој начин сте запознаени со овие дигитални технологии, дигитални трансформации, но немате доволно едукација како истите да ги искористите за бенефит на вашите бизниси.“

Следната технологија која исто така е исклучително важна, според Драгановска е БИГДЕЈТА- податоци кои генерираат дали користите ИТ системи, интерни дигитални алатки, социјални медиуми. Сите тие генерираат дигитални податоци кои понатаму можат да се користат, да се обработуваат и врз основа на нив понатаму да се носат одлуки за развој на сопствените производи, за развој на работата, перформанс итн.

И петтата клучна технологија која жените претприемачки треба да ја препознаат како можност за иден развој за Драгановска претставува блокчејн технологијата. - Според мене најдрага технологија во последните години. Како жена претприемач влегов во оваа технологија со тоа што инвестирав и станав борд менер во Швајцарски стартап.

Блокчејнот како технологија значи дека информацијата ќе биде ставена на неколку системи во мрежата и истата информација ќе биде одржана на сите локации идентично. Многу тешко може да се направи брич или промена, да се раскине тој чин на информациите.“

И образложи: „Она што ние го развивме во Швајцарија преку оваа технологија е софтвер (апликација) која генерира туристичко ИТ за одреден регион во којшто туристите кои доаѓаат се регистрираат само првиот пат и секој нареден пат кога пак го посетуваат тоа место, нема потреба повторно да се регистрираат. Значи се работи на задоволството на туристите, на референца, удобна услуга. Покрај овој туристички ИТ се направени конекции за брзи и лесно достапни сервисни услуги (нарачка на оброци, влезници, купување во локални продваници итн.)“

Задржувајќи се на овие пет клучни технологии за натамошен раст на сопствените бизниси, Драгановска заклучи дека едукацијата на жените претприемачи во однос на овие клучни технологии е многу битна за да може да го направат својот раст на бизнисот, за да може да има одржливост – што посебно се виде колку е битно за време на ковидот. „Компаниите кои не беа подготвени да интегрираат дигитални решенија и дигитално да се трансформираат мораа да ги затворат своите бизниси.“

Викторија Драгановска-ЦЕО и ко-сопственик на  Кодит солушн

 Дополнителни услуги врз основа на дигитални алатки

Оваа професионална информатичарка одговори и на прашањето: како на пример жените од занаетчискиот и услужниот сектор, кои всушност се најзастапени во наша земја можат да модифицираат дополнителни услуги користејќи дигитални алатки за да остварат дополнителен приход?

На ова многу корисно и директно прашање Драгановска преку примери се обиде да ги долови значајните промени што тие би ги направиле во сопствените бизниси. „Ако занаетчиството го гледаме како услужна дејност- фризери, козметички салони итн. Она што недостига во моментот е онлајн систем за закажување на термини. Доколу некои од салоните имаат ваква алатка, жената претприемач која го води бизнисот би била послободна за работа, и ќе може да  се посвети на другите тековни обврски без да троши повеќе време за закажувања.

Но, не пропушти да нагласи и дека голем проблем од понудата на дополнителни услуги преку некоја ваква платформа и систем е тоа што се прават загуби кога клиентите не се појавуваат на закажаните термини.

Доколку би имале некое вакво решение услужните дејности, за да не губат би требало да применат дополнителни алатки за заштита. Така на пример ако наплатуваат 50 отсто од сумата при закажувањето на терминот тие ќе можат да заработат и во случај кога клиентот нема да се појави на закажаниот термин ( односно кога прават загуби од тие состојби)

Посочи и примери за занаетчиите кои изработуваат накит, филиграни и други сродни дејности. „Тие би можеле да имплементираат онлајн продавници каде можат да го аплаудираат каталогот со сите производи што ги изработуваат, но исто така би можеле да нудат преку оваа продавница и дополнителни кастамизирана изработка на накит којашто е двапати поскапа од стандардните производи кои се нудат во  онлајн продавницата.

Понатаму, постојат иларминг платформи кои можат да генерираат дополнителен приход кај жените од овој сектор. Треба да ги мотивираме да не се обесхрабруваат и да сакаат да ги научат овие платформи на кои ќе поставуваат свои видеа на кои ќе објаснуваат како се изработува некој дел од накитот, ќе објавуваат некој свој туторијал за шминкање, украсување или организирање на специјализирани настани итн.

Битно е да им се претстави состојбата дека може да заработуваат пари и додека се заедно со своето семејство. Ова е една одлична алатка која може да ви донесе заработка и кога вие не се занимавате реално со работата.

И последната точка  во која сакам да се обратам на услужни дејности, како сметководители, доктори кои често пати даваат бесплатни консултации, совети

Дополнителна услуга која можат да ја мониторизираат и да генерираат приход, е да нудат онлајн консултации и на тој начин не само што генерираат дополнителни приходи од други платформи или начини на давање на услугите ,туку и можат да се осврнат на поширок регион од местото на делување во коешто работат.

Корисни совети кои верувам ќе бидат искористени од жените претприемачки, бидејќи дигитализацијата е клучниот двигател за дигиталната трансформација, затоа компаниите постојано треба да ги прошируваат своите технички способности, да бидат иновативни и она што е најважно да се подготват за дигиталната ера.