Еден спектакуларен настан е на повидок. На 24 август, со почеток од 21.30 часот, во Паркот пред МКЦ ќе се одржи концертот под наслов - ZJM Big Band Orchestra & Macedonian Guitar Heroes.

Станува збор за несекојдневен и единствен настан кој на иста сцена ќе ги обедини сите најдобри македонски гитаристи, придружувани од ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот, под диригентство на Џијан Емин.

Учествуваат: Петар Ренџов, Игор Атанасовски Харе, Венко Серафимовски, Влатко Стефановски, Димитар Божиков, Ади Имери, Зоран Костадиновски, Саша Спасовски Крокер, Предраг Икономовски и Александар Поп Христов.

Ова се десетте македонски херои на гитара кои ќе бидат дел од овој настан кој ќе претставува своевиден самит на најдобрите гитаристи од Македонија.

На програмата ќе бидат изведени светски познати џез класици, аранжирани за Биг Бенд изведба од страна на членови на ЗЏМ – Зоран Костадиновски, Трајче Велков, Гордан Спасовски, Сашко Николовски, Дамир Имери и Џијан Емин.

Навистина, не се пропушта оваа единствената можност да се биде дел од овој настан. Билетите чинат 500 денари, истите се во ограничен број, и можат да се купат онлајн.