
Колекција драми на современиот српски драмски писател Душан Ковачевиќ „Професионалецот и другите претстави“ деновиве е објавена на англиски јазик.
Најголемиот регионален драмски писател на денешницата го паметиме по култните сценариа „Радован Трети“, „Балкански шпион“, „Маратонците го трчат почесниот круг“, „Кој тоа таму пее“... Неодамна е објавена неговата прва поетска збирка „Јас тоа таму пеам“.

Новата книга на Ковачевиќ, со превод на англиски јазик содржи драми кои сведочат за духот на нашето време: „Професионалец“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Балкански шпион“, „Пролет во јануари“, „Генерална проба на самоубиство“ и „Хипноза на една љубов".
Ковачевиќ е автор на голем број драмски дела во кои се бришат остри жанровски разлики и има преплетување на различни драмски жанрови – од комедија, преку фарса до драма во потесна смисла. Исто како што е испреплетен и самиот живот.
Неговите претстави се играни во повеќе од 80 странски театри.
- За разлика од Топаловиќ од „Маратонци“, кој со децении препродаваа исти ковчези, останувајќи во рамките на малата семејна фабрика, нивните блиски роднини се херои на претставата „Генерална проба на самоубиство“... - ги опишува драмите театарскиот критичар Владимир Стаменковиќ.
Ковачевиќ го напиша и сценариото за еден од најдобрите филмови во историјата на југословенскиот филм „Кој тоа таму пее“ на Слободан Шијан, како и за „Андерграунд“ на Емир Кустурица, кој ја освои наградата „Златна палма“ во 1995 година.
Тој е управител на угледниот белградски театарот „Звездара“, на чиј репертоар моментално се наоѓаат неговите дела, делумно режирани од самиот автор, како што се „Општа проба на самоубиство“, „Хипноза на една љубов“, „Клаустрофобична комедија“, „Кумови“.
Познатиот „Балкански шпион“ успешно се изведува на сцената на Народно позориште во Белград, како и „Урнебесна трагедија“ и „Свети Георгије го убива змејот“ во Ателје 212, каде одамна беше изведувана култната претстава „Радован Трети“, исто така базирана на комедијата на Ковачевиќ.
Драмите на Душан Ковачевиќ со голем успех се изведуваат и во македонските театри.