Лични податоци за корисниците од просечната мобилна апликација,откупуваат дури 10 различни купувачи, покажало истражувањето на Универзитетот Оксфорд.
Од социјалните мрежи до апликациите за нарачка на храна - сите собираат информации за нас, некои од нив повеќе, а други помалку?

Практично, кога инсталирате бесплатна апликација од официјална продавница, сопствениците на таа апликација добиваат дел од вашите податоци од вас, кои подоцна ги продаваат на трети страни, обично маркетинг агенции.
Токму на овој начин тие генерираат приходи, опстојуваат на пазарот и ги подобруваат апликациите што им ги нудат на корисниците.
Апликации „гладни“ за лични информации
Некои апликации собираат повеќе, некои помалку податоци, а еве кои се најалчни, а кои најскромни во оваа постапка.
Меѓу апликациите кои собираат најмногу податоци секако се социјалните мрежи.
Во оваа категорија доминираат платформите во сопственост на Мета - Facebook, Instagram и Facebook Messenger.
Друг тип на апликација која е „гладна“ за лични информации за корисникот се различните програми за нарачка и испорака на храна, покажува истражувањето на порталот Surfshark.
На трето место се платформите за онлајн шопинг, додека на четврто се (очекувано)- апликациите за онлајн запознавање.
Голем број лични податоци собираат и различни банкарски платформи, како и програми за електронско купување на авионски билети, а во помала мера и календари за следење на менструалниот циклус.
И социјалните мрежи и апликациите за нарачка на храна собираат во просек 20 видови лични податоци од корисниците, од вкупно 32 типа.
Платформите за онлајн шопинг вообичаено собираат околу 18 различни податоци за нас, додека апликациите за запознавање „само“16. Системите за плаќање во просек собираат 15 податоци кога креираат сметка.
Меѓу апликациите кои собираат најмалку лични податоци за корисниците се помалку популарни интернет прелистувачи, апликации за уредување фотографии и апликации наменети за деца.
Услугите за размена на е-пошта се исто така меѓу програмите кои се прилично скромни кога станува збор за собирање податоци за нас, како и апликациите за временска прогноза.
Во просек, прелистувачите и програмите за уредување слики собираат само шест различни видови информации за корисниците, додека апликациите наменети за најмладите корисници се ограничени на осум типа на податоци за нас.
Програмите за е-пошта собираат просечно девет типа лични податоци за време на регистрацијата и употребата, исто колку и апликацијата за временска прогноза.
Она што корисниците често го забораваат е дека апликациите најчесто ги собираат податоците што токму тие им ги овозможуваат.
Ако не сте сигурни кои податоци ги собира апликацијата, секогаш можете да ги барате тие информации на веб-страницата на нејзиниот производител (но погрижете се да пристапите до официјалната веб-страница, а не лажна), како и во информациите за апликацијата на официјалната продавница.