Суровата нафта е една од најшироко тргуваните стоки на глобалниот пазар и е една од најпознатите инструменти во физичкото и финансиското тргување. Нејзините движења на цените се под влијание на понудата и побарувачката, геополитичките настани и макроекономските податоци. Иако овие варијабли претставуваат предизвик за оние кои се заинтересирани за пазарите, не е тешко да се разберат основните, стои во анализата на платформата Fortrade International.

 

 
Понуда и побарувачка

Според анализата на оваа трговска платформа, -најголемите снабдувачи со нафта во светот се САД, Саудиска Арабија и Русија. Во последниве години САД ја проширија својата позиција како водечки производител на нафта со проширување на фракингот (метод за добивање на гас и нафта од шкрилци). Русија и Саудиска Арабија се водечки играчи во Организацијата на земјите производители на нафта (ОПЕК / ОПЕК+), картел кој заедно одлучува колку нафта ќе произведуваат неговите членки.

Побарувачката или потрошувачката на нафта е многу важна да се разбере кога се во прашање главните играчи пред да се види како функционира динамиката.

Значи САД повторно водат со 20 милиони барели дневно, Кина е на второ место, трошејќи 15 милиони барели на ден. Индија е трета со пет милиони барели на ден, иако побарувачката во земјата се зголемува со растот на економијата.

Основи на динамика на пазарот

Цената на суровата нафта првенствено е под влијание на перцепциите за понудата и побарувачката. Прекумерната понуда заедно со намалената побарувачка може да доведе до намалување на цената, додека зголемената побарувачка наспроти ограничената понуда може да ги зголеми цените. На пример, неодамнешните извештаи укажаа на загриженост поради слабата побарувачка од големите потрошувачи како Кина, која придонесе за намалување на притисокот врз цените

Клучни фактори кои ги движат цените

Балансот помеѓу производството и потрошувачката на сурова нафта е основен двигател на цените. Извештаите за домашното производство во САД и неделните нивоа на залихи можат значително да влијаат на движењето на пазарот.

Улогата на ОПЕК: Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) игра клучна улога во управувањето со глобалното снабдување со нафта. Со поставување на производствени цели за своите земји-членки, ОПЕК може да влијае врз цените.  Така, Саудиска Арабија, како најголем производител на ОПЕК, практично има најголемо влијание врз глобалните пазари на нафта, особено кога ги прилагодува нивоата на производство.   

Геополитички настани кои влијаат на цената

Политичката нестабилност во регионите што произведуваат нафта, исто така може да доведе до нарушување на снабдувањето што влијае врз глобалната цена на нафтата. На пример, конфликтите на Блискиот Исток или санкциите за земјите производители на нафта како Иран, Венецуела или Русија може да создадат несигурност на пазарот, што доведува до скок на цените, бидејќи трговците реагираат на потенцијалните недостатоци. Иако не се смета за геополитички настан, екстремните временски услови или природните катастрофи, исто така, може да го нарушат производството на нафта и потенцијално да ги зголемат цените

Економски и макроекономски показатели

Стапките на економски раст во големите економии како што се САД, Кина и Европа директно влијаат врз побарувачката на нафта. Силните економски перформанси и позитивните економски податоци имаат тенденција да корелираат со повисоката потрошувачка на енергија, со што се зголемува побарувачката за сурова нафта. Од друга страна, економските забавувања може да доведат до намалена побарувачка и пониски цени.  

Каматните стапки се поврзани со цените на нафтата. Бидејќи пониските каматни стапки се дизајнирани да предизвикаат експанзија на економијата и да генерираат економски раст, намалувањето на каматните стапки може да предизвика поголема побарувачка на нафта, поддржувајќи го зголемувањето на цените на нафтата. Пониските каматни стапки се поврзани со падот на доларот. Бидејќи цените на нафтата се изразени во американски долари, поради понискиот долар, цената на нафта станува поевтина за купувачите кои користат други валути. 

Пазарот на нафта во 2024 година 

Од крајот на 2024 година, цените на суровата нафта се под влијание на:

 -Загриженост поради глобалното економско забавување што ја намалува побарувачката, особено во Кина
-Намалување на производството на ОПЕК+, со цел стабилизирање на цените.

-Зголемување на тензиите во регионите богати со нафта како Блискиот Исток. -Резултат од изборите во САД: Поголемо производство на нафта во САД?

Оваа година цените на нафтата варираа во опсегот од 65 до 90 долари, како одраз на рамнотежата помеѓу ограничувањата на понудата и стравувањата за побарувачката. Неодамна, загриженоста дека кинеските стимулативни мерки нема да бидат доволни за зголемување на побарувачката на нафта и (веројатно привремено) смирување на конфликтот на Блискиот Исток ги потиснаа цените на нафтата кон опсегот од 70 долари. Претстојното републиканско претседателство, исто така, може да се обиде да го зголеми производството на нафта во САД, што стави поголем притисок врз цените во последниве денови.  

Според анализата на оваа платформа, цените на нафтата се под притисок во последниве месеци, но побарувачката во САД, најголемиот потрошувач во светот, останува силна, а кинеската побарувачка може да се зголеми, бидејќи се очекува нејзината економија да порасне следната година. Во секој случај, важно е да се има разбирање за тоа кои фактори влијаат врз движењата на пазарот на нафта со цел да се донесат правилни одлуки на финансиските пазари.