
Третото издание на мултимедијалната културна манифестација Кокино – Тврдина на сонцето, ќе се одржува годинава и тоа прв пат со тридневна програма до 10 до 12 септември, на локацијата на мегалитската опсерваторија Кокино.
Концерти, едукативни работилници, видео инсталации, предавања, туристички прошетки, дебати, изложби, театар – сѐ од Во сите сегменти на настанот, секое ќоше ќе говори за сопствената историја, за уметноста инспирирана од вековите пред и по настанувањето на Кокино, до денес.
Мноштво активности и перформанси кои во подножјето на Кокино, долж обележаната патека/рута и во просторот на самата опсерваторија ќе ни ги претстават стотина различни автори од полето на литературата, уметноста и културата, во величествен тридневен спој на различните уметнички правци од македонското творештво.
ВАЖНО! Присуството на настанот е бесплатно, но поради специфичноста на локацијата настанот ќе биде организиран со строго ограничен капацитет и регулиран пристап до локацијата со возила поради што ќе биде организиран автобуски превоз и посебен паркинг за автомобили. Билетите за автобускиот превоз ќе чинат 50 денари (дневен билет во двата правци за едно лице), а иста цена, 50 денари ќе чини и пропусницата за пристап со сопствен автомобил до организираниот паркинг-простор (еднодневна пропусница за едно возило).