Успешна академска и професионална кариера и заработка за успешно завршен проект уште во средношколските денови се главните карактеристики на NU College – првиот колеџ за средношколци во Македонија (NU Колеџ). NU е единствениот колеџ на кој средношколците стануваат претприемачи, дизајнери, програмери и инфлуенсери.
NU Колеџот за средношколци започнува со работа оваа есен, а во тек се уписите на првата генерација за која слободни се само 150 места.
NU Колеџот е дел од едукативно-технолошкиот центар „Бреинстер“ (Brainster) кој го прошири своето портфолио и ја преточи својата експертиза кон средношколците креирајќи нови и револуционерни програми кои ќе го надополнат образованието стекнато во средно училиште со релевантни вештини и практично искуство.
Практичните програми на NU Колеџот за средношколци траат шест месеци и претставуваат воншколска активност која содржи две интерактивни работилници секоја недела. Фокусирани се на истражување и откривање на потенцијалот и интересите на средношколците, што е неопходно за тие да бидат сигурни во понатамошниот избор на студии и кариера. Преку уникатниот практичен пристап „креирај, па учи“, средношколците ќе навлезат во еден нов свет на работа на реални проекти за вистински компании и ќе научат како да заработуваат уште во средно.
Доколку ова до сега изгледа привлечно, еве конкретно како секој средношколец може да дојде до посакуваната кариера. Секоја програма е осмислена за да ги поврзе младите со модерните технологии и релевантните вештини за пазарот на труд, поконкретно:
Веб програмирање x AI: За да им овозможи да создаваат модерни и функционални веб-апликации, да развијат бизнис вештини и со нив да ги претворат идеите во профитабилни проекти.
Графички дизајн x AI: За да научат да создаваат визуелно привлечни и професионални дизајни, од логоа и постери до целосни бренд идентитети за реални брендови.
Инфлуенсер маркетинг x AI: За да станат инфлуенсери и дигитални креатори штом научат како да создаваат дигитални содржини за реални брендови и продукти и како да заработуваат од нив.
Тимот од искусни ментори, експерти во својата област, ќе ги надмине традиционалните наставни методи и ќе го направи учењето интерактивно и инспиративно. Методологијата на учење е заснована на вештачка интелигенција (AI) и гарантира релевантност на стекнатите вештини и знаења на подолг рок.
„NU Колеџот го создадовме за да го редефинираме искуството што средношколците го имаат од формалниот систем на образование. Имаме акумулирано знаење, искуство и уникатна методологија на учење и токму затоа чувствуваме должност да го пренесеме тоа на младите и со тоа да го промениме нивниот начин на размислување кога ќе се спомене образование“, вели Петар Ниновски, основач на образовниот центар Бреинстер, а сега и на NU колеџот за средношколци.
Стекнатото практично искуство не е единствената предност на NU Колеџот, додава Ниновски. Програмите кои средношколците ќе ги изучуваат се на ниво и со фонд на часови на практичен предмет во високо образование, изработени по рамката на ЕКТС акредитација. Тимот на NU моментално работи на остварување соработки со врвни универзитети од соседството и од Европа, односно на обезбедување конкурентска предност при упис таму на средношколците кои ќе завршат успешно некоја од NU програмите.
„Програмите се засновани на 80% практична работа на реални проекти. Практичното искуство ќе развие претприемачки начин на размислување и ќе ги подготви средношколците за претстојниот академски и кариерен пат. Ние веруваме во учење преку работа и дека нашите средношколци можат многу повеќе и затоа на NU ќе научат да заработуваат преку својот труд, знаење, идеи и проекти“, појаснува Ниновски.
Програмите се достапни за учење од училница или online. Сите заинтересирани средношколци можат да дознаат детали и да се пријават на листата на чекање преку официјалната веб-страница на NU колеџот nucollege.ai.