Колку чини замена на батерии за електрични автомобили? -Цените на заменските батерии за електричните автомобили се фрапантни. Една работа се гаранцијата и гарантните рокови, кои обично се до осум години или 250.000 км (ако капацитетот на батеријата падне под 70 проценти постои можност за бесплатна замена), но што после тоа, кога возачите се оставени сами на себе?

Колку чини замена на батерии за електрични автомобили?

Холандскиот Autoweek ги прашале сервисните колку чини замената на батерија за електричен автомобил. Од компанијата  Тесла, на пример, не добиле одговор. Audi, Fiat, Opel и Tesla не објавуваат цени. Ниту Volkswagen нема да ги објави точните цени на батериите по повеќекратните барања, пишува магазинот HAK.


 

Нова батерија за модели од семејството ID (ID.3 и ID.4) би требало да чини меѓу 10.000 и 15.000 евра. За постарите модели базирани на платформата MQB, e-Golf и e-Up чинат помеѓу 10.000 и 20.000 евра. Флуктуирачките цени се последица на сложеноста и бројот на артикли, изјави портпаролот на VW.

Мерцедес е еден од ретките големи производители кој е транспарентен. Батеријата за EQA чини 15.209 евра, батериите за EQS чинат 19.603 евра, а за EQV новото пакување чини 27.230 евра. Батеријата за замена за Smart EQ fortwo и Smart EQ forfour би требало да чини 6.538 евра. Honda наплаќа 7.283 евра за замена на батеријата во Honda e. Замена на батеријата за Dacia Spring чини 6.770 евра. Цените на Renault Zoe, Kangoo ZE и Twingo Electric се околу 9.000 евра по парче. За лесените автомобил, батеријата Twizy чини околу 4.000 евра. Nissan наплаќа 10.306 евра за помалата батерија Leaf (40 kWh) и 15.516 евра за големата (62 kWh) батерија. (Извор: Revijahak.hr)