Цената на батеријата на електрично возило (EV) може да варира во зависност од составот. Инфографикот носи податоци од Benchmark Minerals Intelligence за да ги прикаже трошоците за различни батерии во најпопуларните електрични возила.

 

Големината е значaјна

Сопствениците на електрични возила се изненадени кога ќе дознаат колку чини замена на батеријата.

Во зависност од марката и моделот на возилото, цената на новата литиум-јонска батерија може да достигне 25.000 долари:

Цената на батериите може да биде обликувана од различни фактори како што се трошоците за суровини, трошоците за производство, сложеноста на пакувањето и стабилноста на синџирот на снабдување. Еден од главните фактори е хемискиот состав.

Графитот е стандарден материјал што се користи за аноди во повеќето литиум-јонски батерии. 

Меѓутоа, минералниот состав на катодата обично се менува. Вклучува литиум и други минерали како што се никел, манган, кобалт или железо. Овој специфичен состав е клучен за одредување на капацитетот на батеријата, моќноста, безбедноста, животниот век, цената и севкупните перформанси.

Литиум-никел-кобалт-алуминиумските батерии (NCA) имаат просечна цена од 120,3 долари за киловат-час (kWh), додека батериите литиум-никел-кобалт-манган (NCM) имаат малку пониска цена од 112,7 долари за киловат-час (kWh). И двете содржат значителни пропорции на никел, зголемувајќи ја енергетската густина на батеријата и овозможувајќи поголем опсег.

Со пониска цена се батериите со литиум железо фосфат (LFP), кои се поевтини за производство од варијантите на база на кобалт и никел. LFP батериите имаат просечна цена од 98,5 американски долари за kWh. Сепак, тие нудат помалку специфична енергија и се посоодветни за стандардни или електрични возила со краток домет.

Која батерија доминира на пазарот на електрични возила?
 

Во 2021 година, на пазарот на батерии доминираа NCM батериите со 58 процентен пазарен удел, следени од LFP и NCA со по 21 отсто.

До 2026 година, пазарниот удел на LFP се предвидува да се удвои до 38 проценти.

Се очекува NCM да учествува со 45 отсто од пазарот, а NCA да падне на седум проценти.

Извор: VisualCapitalist