Тешко е да се пресмета точно колку струја троши електрично возило, но можни се многу добри проценки врз основа на неколку фактори.
.jpg)
Како што проценува специјализираниот сајт Edmunds, просечното електрично возило троши околу 394 kWh месечно, а објаснуваат и како стигнале до оваа пресметка.
Сите електрични возила имаат големи батерии кои обезбедуваат напојување на моторите, а количината на електрична енергија која се складира во овие батерии е иста како кога ќе го погледнеме капацитетот на резервоарот на „традиционалниот“ автомобил.
Современите батериски системи се разликуваат по капацитет, со што автомобилите практично и достигнуваат различен опсег кога се целосно наполнети.
Батериите во модерните електрични возила може да трошат од 30 kWh кај малите модели како што е Mini Cooper SE, до повеќе од 200 kWh кај „тешките“ како што е GMC Hummer EV. Сепак, капацитетот на батеријата не е единственото нешто што треба да го знаеме, пишува Biznis.ba.
Ефикасноста на електричните возила се пресметува така што се зема предвид поминатото растојание, при што за традиционалните возила пресметуваме на пример, „ шест литри на 100 километри“, а за електричните автомобили тоа се изразува преку, да речеме, „50 kWh на 100 километри“ - па така мора да гледаме на пресметките.
При оваа пресметка се земени предвид статистичките податоци од САД, а со помош на податоците за бројот на километри поминати од просечниот возач месечно, земајќи ги предвид ефикасните и неефикасните електрични возила, дошле до заклучок дека просечното возило троши 0,35 kWh. по милја (околу 1,6 километри), што значи 394 kWh месечно.