Интерес кај компаниите да бидат енергетски ефикасни има, но, не е голем. Дури поголемиот дел од компаниите не се грижат промена на системот на функционирање. За Здравко Андонов, кој работи како консултант за енергија и електро ефиканост во компанијата „ЕкоМозаик“ има повеќе причини.

„Имаме доволен интерес кај компаниите. Но, на повисоко ниво, мислам дека е недоволно. Мора постојано да има реструктиурирање, анализа на трошковниот модел, анализа на енергија. Мора структурно да се постапува и да се бираат цели, зависно во моќта на компанијата. Потребна е промена на начин на размислување. Компаниите мислат дека е тоа прескапо. Но, реалноста е поинаква. Моето искуство покажува дека дури 50 насто од енергијата може да се заштеди, со минимални инвестиции. Ако компанијата реши да го смени начинот на размислување и сите ресурси што ги користи недомаќински да ги промени“, смета Андонов. 

Според Андонов, одржливиот развој е комплексна работа и бара квалификувани луѓе кои тоа ќе го направат. Вели дека трагањето по развој на економијата и паралелно на општеството, мора да биде компромис помеѓу влијанието врз животната средина и развојот.

„Со интегрирана постапка внатре во компанијата, со внатрешни ресурси и со помош на надворешни фирми, се бара решение како да се биде поблиску до целите на одрживиот развој. Другиот пристап е и циркуларната економија каде се следат ресурсите во процесот на производство. Тоа е обид да се минимизира учеството на природните ресурси и отпадот. Од друга страна, да се продолжи животниот век на производот или да се надјат алтернативни начини на негово користење. Новите машини за перење, телевизори, мобилни,  се направени за еднократна употреба. Тоа е далеку од принципот на циркуларна економија.Мора да се најдат начини на пример, телевизорот повторно да се внесе во целиот ланец, а не да заврши на отпад, вели Андонов.

Како компанија, „ЕкоМозаик“ им помага на компаниите да го минимизираат отпадот, да му надјат нова употребна вредност. Понатаму, како да ги минимизираат ефектитите од производстото. А како што вели Андонов, ги консултираат и компаниите при изборот на опрема. За Андонов, за компаниите да бидат одржливи треба да се фокусираат на промена на свеста.

„Ако имате ефтини ресурси, немате мотив тоа да го направите. Ако имате ниска цена на енергија, вие не сте заинтересирани да го замените изворот и енергенсот. Повратот од инвестицијата може да биде за 15 години. Рокот за враќање на инвестицијата е преголем. Сето тоа треба да биде комбинирано. Државата треба да овозможи компаниите да работат, но мора да постави притисок врз нив да размислуваат економски. Ако сакате да бидете  поблиску до животната средина, мора да инвестирате и имате зголемени трошоци на работење, објаснува Андонов.

За разлика од С Македонија, вели Андонов споделувајќи лично работно искуство во странска компанија, во странство е поинаку. Вели дека таму постојано се бараат нови решенија, технологии, нов начин и пристап на работа. Зголемениот трошок за одржливост го компензираат со помали трошоци во работата.

http://antoris.mk/%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d1%82-%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%bb%d0%be%d0%b6%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b6%d0%b8%d0%b2%d0%be/