„Civitta MK DOOEL“ e консалтинг компанија, дел од поголема мрежа на консултантска компанија која е присутна во 17 земји. Има 28 канцеларии во кои работат над 550 вработени и присутни во поголемиот дел од Европа и Балтичките земји. Компанијата е основана пред 10 години. Во почетокот, започнала со давање на услуги на приватни клиенти, како и на мали и средни претпријатија. Со развојот, „Civitta MK DOOEL“  почнува да нуди советодавни и консултантски и во други области. Канцеларијата во Македонија е отворена пред две години, во која работи тим од шест вработени, секој со своја експертиза во одредена област. Им помагаат на малите и средните претпријатија.  А работат и на конкретни проекти и за донатори и на регионално ниво во Западен Балкан.

Игор Николоски е придружен партнер во „Civitta MK DOOEL“. Тој смета дека професионалното советување на бизнисите се уште не е развиено во голема мера, а тоа смета да се случи во иднина. Компанијата дава услуги на приватни клеинти, мали и средни претпријатија, во делот на изработка на стратегии и развој на бизниси, нови производи и услуги.

„Даваме советодавни услуги за отворање отворат бизнис и дали тој ќе биде профитабилен. Исто така, работиме и со донатори кои не’ ангажираат нас на одредена институција да и помогнеме за изработка на стратешки документи на државата. Работиме и на истражувања. Како и мониторинг, односно евалуација, ако некоја програма заврши со цел да се види дали се постигнати резултати. Дополнително, даваме и иновациски услуги за развој на претприемништо и иновации им помагаме на старт-апи да дојдат до можности за финансирање. Односно, помош како одредени бизниси кои работат во одредена индустрија да се поврзат. Имаме и посебна, сестринска фирма, „Медиа парк“ која нуди услуги за дигитален развој“, вели Николоски.

Игор Николоски - придружен партнер во „Civitta MK DOOEL“

Советодавни услуги не се даваат само на постоечки компании, старт-апи, иако поголемиот дел од нив ги користат и потенцијалните претприемачи кога имаат бизнис идеја за реализација. Користењето на вакви услуги, објаснува Николоски, е со цел да се помогне во делот на доразвивање на бизнис идејата и реализацијата во пракса. Или пак, советот кој ќе го добиете да биде во насока дека бизнисот нема да биде профитабилен и да не започнувате со бизнис идејата. Николоски смета дека колку и да е мал бизнисот, мора да биде поврзан со некоја инвестиција. Неговиот став е дека ако бизнисот нема шанса да оствари добивка, подобро е откажете од идејата и да барате друго чаре.

„Ако не знаете каква помош ви треба за бизнисот, консултатнот многу потешко ќе може да ви помогне. Ако ангажирате експерт и му кажете дека сакате да се развивате и сакате да правите профит, тоа е многу тежок. Консултантите нема да се нафатат на такво нешто. Дури и да се нафатат, без ваша помош, нема да се достигнат посакуваните резултати. Дури кога консултантот ви ја дава потребната помош, битна е постојаната комуникација. Да му ги презентирате вашите желби, идеи и цели кои сакате да ги постигнете. За да најде начин како да ја остварите целта. Вие ја зацртувате желбата, а консултантот само ви го трасира патот да стигнете до реализација на целта. Тој не може да ви ги дефинира целите, без никаков импут од ваша страна“, објаснува Николоски.  

Како што објаснува, многу често  претприемачите мислат дека можат и знаат се’. Мислејќи дека го познаваат својот бизнис и дека најдобро знаат за него. Како што бизнисот се развива во одредена индустрија и целната група е доста таргетирана, треба да се ангажираат консултанти од самиот почеток бидејќи постои голем ризик бизнсот да не успее.

Прашања, придобивки и недостатоци за деловните советодавни услуги

Проектниот менаџер на „Civitta MK DOOEL“, Стефан Ивановски, има шест годишно искуство на работа на меѓународни проекти во телекомуникацискиот сектор, како и урбано планирање и економски развој. Обраќајќи се на Глобалната недела на претприемништво на настанот „Од совет до резултати: како стартапите можат да имаат корист од професионално советување?“ ги истакна најчесто поставуваните прашања од потенцијалните клиенти, притоа, давајќи одговори на истите.

Стефан Ивановски - проектен менаџер на „Civitta MK DOOEL“

Колку чинат? – цената зависи од услугата и се движи од 10 евра на час, а во екстремни случаи од илјадници евра на час. Зависи каков тип на експерт ви е потребен.

Кој обично користи советодавни услуги? – искуството покажува дека овие услуги ги користат компаниите кои имаат предвидено буџет и се спремни да вложат во советодавни услуги, а се важни и за оние кои започнуваат бизнис.

Каков вид на советодавни услуги им требаат на бизнисите и старт - апите? – зависи од самата потреба. Некои се оперативни, други за подобрување на процесите, подобрување на пазарниот план, пазарна анализа за ширење на пазарите и дали подвигот би се исплател или не.

 

5 клучни придобивки

Заштедување време – препуштајќи им се на професионалците кои имаат искуство на пазарот,

Добивање експертиза – со најмување на вистинскиот епскерт, ќе може побрзо да го добиете знаењето, отколку да го стекнете сами,

Подобрување на перформанси – оптимизирање на бизнис процеси или оперативни процеси или подобрување на маркетинг стратегија или продажните канали,

Надминување на криза – ако постои криза, тогаш може експертот може да ви даде насоки како да ја ублажите или надминете,

Идентификување на нови клиенти –зајакнување на својата позиција на пазарот или наоѓање клиенти на други пазари.

5 клучни недостатоци

Услувите чинат пари – вложување финансиски средства,

Нема гаранции –советот може нема да биде во целост имплементиран и може нема да вроди со плод,

Несоодветен експерт – ако не е соодветен со вашата проблематика тогаш има голем ризик дека и советот нема да биде соодветен,

Консултатите не сработуваат се’ – имаат ограничено време и активности и тие не можат да го водат бизнисиот. Не може да се очекува дека ќе ги решат проблемите. Повеќе можат да дадат насока или рамка на дејствување и

Недостапност – од финансиска гледна точка или пак неможност на ангажирање на вистинскиот професионалец поради пребукираност од работа.