Оваа сабота (24. октомври) Александар Велики концертно ќе го промовира новиот LP „Мирно лето“. Настанот се случува во МКЦ, а стартот е во 21 часот.

„Мирно лето“ е вториот лонгплеј за скопскиот артист Александар Велики, познат и како бас гитарист во ПМГ Колектив.

Наследникот на Првиот Македонец во вселeната (Балкан Велики 2018), издание со кое Александар Велики се претстави како прилично зрел автор кој има што да каже.

Иако многумина го доживеаа тој албум само како пријатно изненадување на домашната сцена, со својот втор лонгплеј труд Александар Велики веќе може да се смести во категоријата на сериозни артисти, оние кои за не многу долго време успеваат да издадат завиден број квалитетни песни.


„Мирно лето“ е составен од осум нови поп-песни за живот и смрт, снимени и продуцирани од триото Гавровски/Евтимов/Попов, во последниве пар години поставата на ПМГ Колектив.

Овие тројца ќе бидат и музичарите кои ќе го отсвират промотивниот концерт за албумот „Мирно лето“, кој за издавачката куќа PMG Recordings се појави во продажба.

Kонцертот може да се следи во живо, а ќе биде пренесуван и преку нашите социјални мрежи.


Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон истите.

Билетите по цена од 100 денари може да се набават на билетарница во МКЦ од 16.10.(петок).

Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан, задолжително е седење на позицијата означена на билетот.