На Бледското Езеро се реализира уникатен проект за поставување на кошаркарско игралиште три на три, кое ќе плови на водната површина.
Словенечката компанија која е дистрибутер на патики „Ер Џордан“ го реализира наизглед невозможниот потфат на кошаркарско игралиште на површината на езерото Блед.
За голем проект потребна е еднакво голема ѕвезда, односно најголемата што ја има Словенија, а тоа е Лука Дончиќ. Во чест на НБА асот, овој терен го доби името „Лука Блед“.
Неговото официјално отворање и промоција е закажано за 16 јануари, а ќе присуствува и Дончиќ.
Објавена е компјутерска анимација за тоа како треба да изгледа теренот и на прв поглед е навистина неверојатна.