Креативно лидерство - предизвик кој носи успех во бизнисот. Способност да им се овозможи на тимовите самоуверено да генерираат идеи со стратешка и иновативна вредност. Од луѓето во тимот се бара слободно да ги искажуваат своите ставови.

Креативниот лидер не е личност што ќе ја задуши слободата на поединецот, тој се грижи за мислењата на другите и нема проблем да се соочи со критика. Конструктивно, се разбира. Тој сочувствува со својот тим, има разбирање за нивните идеи, лета и не признава кога некој ќе каже „ќе се обидеме“.

Креативно лидерство - предизвик кој носи успех во бизнисот

Креативното лидерство се дефинира како процес на управување чии цели се да се зголемат, оценат и подготват нови идеи за имплементација во рамките на организацијата. На тоа се гледа како на ефективен пристап кон поттикнување нови идеи и решенија, како и проширување на иновативните практики со фокусирање на развој на нови идеи што е првиот дел од иновацискиот процес.

Креативно управување


Целта на креативното лидерство е да создаде процеси кои експлицитно влијаат на растот на креативноста и иновативноста.

Важно е да се нагласи дека креативноста на менаџерот не значи само негова лична креативност, туку креативност во управувањето. Исто така и креативни пристапи кон управувањето и лидерството кои ја поттикнуваат креативноста во рамките на сите нивоа на организацијата - индивидуално, групно и организациско.

Лидерите влијаат врз карактеристиките на организацијата, како што се културата и системот на наградување. Тие имаат влијание врз мотивацијата на вработените, што е веќе истражено. Исто така, важна е емоционалната интелигенција на лидерот, неговата интуиција и чувствителност при поттикнување на креативните перформанси на вработените.

Лидерството е феномен што постои помеѓу лидерите и вработените


Капацитетот и мотивацијата да ја негуваат креативноста на вработените е условена од лидер кој моделира елементи на културни, структурни и организациски процеси.

Истражувачите во една студија која ги испитува перцептивните и афективните реакции на вработените за однесувањето на лидерот го дадоа својот емпириски доказ за важноста да се доживее лидерска поддршка на креативноста на вработените. Резултатите од одредени студии покажаа дека однесувањето на лидерот влијае на реакциите на подредените, што дополнително влијае на креативните перформанси на вработените.

Покрај тоа, резултатите покажаа дека однесувањето на лидерот не само што влијае на перцепцијата од страна на вработените, туку и на нивната перцепција за себе, особено во однос на компетенциите за проценка на нивната работа.

Задачата на лидерот не е да преземе одговорност за креативните производи на вработените, туку да ги охрабри вработените да се обидат да иновираат и да им обезбеди контекстуална можност да ризикуваат.

Наградувајќи дури и неуспешни решенија, креативниот менаџер или лидер ги охрабрува своите следбеници да ги надминат сопствените граници, да предлагаат и тестираат нови креативни идеи и решенија од кои може да има корист нивната организација.

Како развивате креативни лидерски способности?


Прво со тоа што знаете како и зошто работи креативниот процес. Второ со вежбање на неговата примена и трето со пренесување на креативните идеи на вашиот тим.

Има момент кога ќе ви треба добра идеја за да продолжите, но и брзо.

Без разлика дали станува збор за нова карактеристика на производот или за нова стратегија, не е важно: во одреден момент ќе се најдете под притисок затоа што доаѓате до таа вистинска идеја.

Вие сте лидер и вашиот тим смета на вас да го предводите на патот.

Да разјасниме: Креативноста не е талент со кој сте родени, тоа е начин на работење.

Вие не сте повеќе или помалку креативни од другите. Некои луѓе само интуитивно го сфаќаат процесот што стои зад нив, правилата што треба да ги следат и начинот на нивна примена.

Креативноста во бизнисот е начин на размислување што инспирира, предизвикува и им помага на луѓето да најдат иновативни решенија и да создаваат можности од проблемите.

Linkedin го именуваше креативното размислување  како најбарана вештина во денешно време. Други истражувачи исто така го сместија во топ три потребни вештини за водење бизнис (заедно со критичко размислување и решавање на проблеми). Креативните мислители се визионери кои ги поттикнуваат практиките за раст и иновации на компаниите.

Креативно лидерство - предизвик кој носи успех во бизнисот

Стил на лидерство






























Стил на Лидерство Карактеристики  Како да се имплемнтира
Трансакционо

  • Основано на материјална размена помеѓу лидерот и следбеникот

  • Системот награда-казна е спроводен со цел да се осигура успехот на организацијата




  • Генерирање на генерални правила кои сите вработени ги разбираат.

  • Креирајте фер систем на награда - казна и со него мотивирајте ги  вработените

  • Набљудувајте ги вработените со цел да видите дали системот на награда и казна е добро осмислен.


Трансформациско

  • Шампиони за иновацијата.Ги охрабруваат инспирацијата, ја стимулираат интелектуалната страна и ја индуализираат подршката.

  • Ги охрабруваат вработените да развијат свој терк и способности со цел за одење напред на организацијата.




  • Креирајте инспирационална визија за организацијата.

  • Прикачете ја визијата за правилата

  • Организациските процедури треба да се усогласат со визијата.

  • Искажете ја вербата и поврзаноста во успешноста на визијата.


Лаис - Фер

  • Зазема пасивно „тргнете ги рацете“ пристап кон лидерството

  • Минималната интеракција со следбениците креира неизвесност во организацијата.




  • Употребата на овој тип на лидерство не е препорачано за подолг временски период.

  • Може да биде корисно за нови лидери затоа што ќе им дозволи да бидат прифатени од организацијата и полесно ќе можат да ги набљудуваат рутините на вработените.


Службено

  • Лидерот и вработените се еднакви. Потребите и интересите на организацијата се на прво место.

  • Со разбирање на уникатните способности и интереси на вработените, слугата-лидер може да им помогне да го достигнат својот потенцијал.




  • Мора да има силна желба и волја да им служи на другите.

  • Да се осигура дека неговиот стил на лидерство одговара на организацијата и вработените.

  • Да одржува врски со цел да им помогне на вработените да го постигнат својот потенцијал.



 

Кои се бенефитите од креативноста


1. Ги прави компаниите компетитивни

2. Ја негува компаниската култура

3. Придонесува кон продуктивност

4. Помага во решавање на проблеми

5. Го менува светот

Не можете да изградите нешто ново користејќи стари методи. Брзото економско опкружување ги фаворизира компаниите кои можат да бидат флексибилни, да размислуваат брзо и да се прилагодат на промените. Ништо од ова не е можно ако вашата деловна активност ги задржува застарените процеси.