Тим Бернерс-Ли пред 35 години ја откри World Wide Web пред светот. Сега ги „открива“ своите предвидувања за следните 35, пренесува Bonitet.com.

Пронаoѓањето на технологијата што го промени светот во 1989 година, Бернерс-Ли го откри додека работеше во ЦЕРН, швајцарскиот истражувачки центар за физика на честички.

Информатичкиот научник роден во Лондон поднесе предлог за систем за управување со информации за да им помогне на своите колеги да споделуваат информации меѓу себе. Бернерс-Ли продолжил да работи на усовршување на својата идеја за овој систем за споделување информации, што практично е отворен од 1991 година, World Wide Web. Останатото е историја.

Во децениите кои поминаа од создавањето на мрежата, Бернерс-Ли согледал некои од недостатоците што се појавија. Но, тој сепак има одреден оптимизам за иднината, пишува CNBC. Еве некои од неговите најдобри предвидувања за тоа како ќе изгледа интернетот во следните 35 години.

Предвидувања

1. Секој ќе има личен асистент со вештачка интелигенција

Една од големите идеи на Бернерс-Ли е неговото предвидување дека вештачката интелигенција (ВИ) ќе го трансформира начинот на кој комуницираме со мрежата.

Тој мисли дека еден ден ќе имаме помошници за вештачка интелигенција кои работат за нас - слично како нашите лекари, адвокати и банкари.

„Некои луѓе се загрижени дали за 35 години вештачката интелигенција ќе биде помоќна од нас. „Една од работите што ги предвидувам – а, тоа е нешто за што можеби ќе треба да се бориме - е дека ќе имате помошник за вештачка интелигенција, на кој ќе можете да му верувате и тој ће работи за вас, како лекар“, вели Бернерс-Ли.

2. Ќе преземеме вистинска сопственост на нашите податоци на сите платформи

Друга работа што Бернерс-Ли ја предвидува е Интернет каде што сите ќе имаме целосна контрола врз нашите податоци.

Така, наместо да ја предадеме сопственоста на нашите податоци на Google, Meta, Amazon, Apple, Microsoft и други технолошки гиганти, ќе можеме да ги поседуваме нашите податоци преку складиште за податоци или „под“.

„ За своите податоци ќе размислувате како за ваш дигитален простор, ќе ги сметате за една работа, која вам ви е многу удобна“, објаснува Бернерс-Ли.

„Подови“ се технологија на која Бернерс-Ли работи со неговиот стартап Inrupt. Inrupt стои зад нешто што се нарекува Solid протокол, којшто „има за цел радикално да го промени начинот на кој работат веб-апликациите денес, што резултира со вистинска сопственост на податоци, како и подобрена приватност“.

Во 2022 година, компанијата собра 30 милиони долари од претпријатија со  ризичен капитал, вклучувајќи ги Forte Ventures, Akamai и Glasswing Ventures.

Во визијата на Бернерс-Ли за идниот Web (мрежа), ќе можете да го користите вашиот дигитален модул за пристап до сите ваши основни апликации, на пример, е-пошта на вашиот телефон, но исто така и на вашиот лаптоп, десктоп компјутер и поголеми екрани како телевизори.

Бернерс-Ли додава дека неговата идеја е да имаме сет на „апликации за доверба“. Тие ни овозможуваат да комуницираме едни со други за да споделуваме информации и да извршуваме важни задачи многу побрзо.

3. Big Tech би можела да се распадне

Друга работа што Бернерс-Ли вели дека би можела да се случи во иднина се предвидувањата дека Big Tech  ќе биде принудена да се распадне.

Овој месец официјално стапи на сила значаен Закон за дигитални пазари на Европската унија (DMA), кој ги принудува технолошките гиганти да ги променат своите платформи за да овозможат процут на конкурентните производи. Тоа е голем чекор што влева надеж дека ќе доведе до поздрава технолошка конкуренција.

Бернерс-Ли вели дека секогаш му е мило кога технолошките компании „сами ја прават вистинската работа“ пред да влезат регулаторите. „Тоа отсекогаш бил духот на Интернетот.“

Тој го користи примерот на Иницијативата за пренос на податоци, приватна иницијатива која започна во 2018 година и сега е поддржана од Google, Apple и Meta. Иницијативата поттикнува преносливост на фотографии, видеа и други податоци помеѓу нивните платформи.

„Можеби компаниите беа малку поттикнати од изгледите за регулација“, рече Бернерс-Ли. „Но, ова беше независна работа.

Меѓутоа, како што тој додаде: „Работите се менуваат толку брзо“. Вештачката интелигенција се менува многу, многу брзо. Во вештачката интелигенција има монополи, кои се променија прилично брзо на интернет“.

„Можеби во одреден момент во иднина државните агенции ќе треба да работат на растурање на големите компании, но не знаеме која компанија ќе биде тоа“, рече Бернерс-Ли.