„Кристал“ од Велес ја продава Стоковната куќа „26 Јули“ во Скопје, како дел од нефункционалните објекти на прехранбената индустрија.

Имено, ПИ „ Кристал 1923“ од Велес, поранешен „Благој Ѓорев“ ќе продава дел од нефункционалниот имот во земјава. Продажбата ја одобри Акционерското сорание на вчерашната седница.

„Кристал“ од Велес ја продава Стоковната куќа „26 Јули“ во Скопје

Како што е објавено на Македонска берза компанијата ќе продава магацински простор и продавници кои акционерите ги оцениле како нефункционални.

По предлог-одлуки на Собранието на акционери, на продажба се ставени градежни-деловни нефункционални објекти во сопственост на ПИ „Благој Ѓорев“ АД Велес. Mеѓу нив  се вбројува и Стоковната куќа „26 Јули“ во Скопје со површина од 1370 метри квадратни.

Покрај неа компанијата ги продава и магацините во село Логоварди-Битола во вкупна површина од 17.511 метири квадратни. Од кои градежните магацински објекти зафаќаат  5.647 метри квадратни површина и двор од 11.864 метри квадратни.

Компанијата го продава и магацинскиот простор во Кичево со право на конечна распределба од стечајната маса од 20,27 отсто.

На листата за продажба како нефункционални објекти се наоѓаат и продавница во Битола со површина од 167 м2. А исто така и продавница во Куманово во површина од 45 м2.

Објектите треба да се продадат по пат на јавна продажба или со непосредна спогодба според пазарни цени кои се најповолни за друштвото.

Кристал 1923“ преку јвна понуда ќе продава 50 000 сопствени акции


Собранието на акционери на ПИ „Кристал“ на вчерашното акционерско собрание ја прифати и предлог одлуката за продажба на 50 000 сопствени обични акции по пат на јавна понуда.

Според предлог одлуката овјавена на Макеоднска берза акциите за продажба претставуваат 10 отсто од основната главнина на друштвото.

Продажната цена на акциите што се предмет на јавна понуда изнесува 149 денари. Вкупната продажна вредност на емисијата изнесува 8.700.000 денари.

Акциите, како што стои во предлог -одлуката се продаваат за одржување на стабилноста и ликвидноста на друштвото и усогласување со постојната законска регулатива.