На 29-ти март во 20:00 часот премиерно започнува серијалот „Криза во културата и/или култура во кризата“, посветен на театарот - значајна карика во културата како тоталитет, по повод Светскиот ден на театарот. „Криза во културата и/или култура во кризата“ е циклус на онлајн трибини посветени на културата.

Првата трибина ќе се одржи на 29-ти март, со почеток од 20 часот. Темата за првата трибина ќе биде театарот.

До трибината линкајте се ТУКА!

Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, како домаќин на настанот, ја има таа чест, своите реномирани гости и препознатливи имиња од тетарската уметност, да ги потикне во име на љубовта кон театарот да проговорат за своите театарски искуства.

• Благоја Чоревски Чоре, филмски и телевизиски актер, актер во Драмски театар од 1971 година.
• Сулејман Рушити, доцент, надворешен соработник во Тетовскиот Универзитет. Режисер во гостиварскиот театар.
• Сашко Коцев, театарски, филмски и телевизиски актер, стендап комичар и водител, вработен во МНТ
• Софија Ристевска Петрушев, театарски режисер, вработена во НУЦК „Јордан Хаџи Константинов - Џинот" Велес, и сопственичка на приватниот Интимен Театар Битола.
• Катерина Шехтанска, дипломиран актер и поранешна балерина, вработена во Драмски театар.
• Марјан Георгиевски актер, театарски режисер и стендап комичар.

Домаќин на настанот и автор на проектот: проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, директор на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.

Модератор на настанот: Татјана Алексиќ, професор по македонски јазик во СУ „Раде Јовчевски Корчагин“.

Имајќи предвид дека се наоѓаме во една криза предизвикана од КОВИД-19, време е да се насочиме кон истражување на културата како тоталитет.

Фактот дека културата се наоѓа во своевидна криза или кризата води кон (не)културна индустрија повикани сме како Институт за култура и уметност при МСУ да се вклучиме во истражувањата, толкувањата, анализите за одредување на природата на културните феномени, нивното место и улогата во човековиот општествен и индивидуален живот, посебно во време на егзистенција (човечка, психолошка, економска, културна, здравствена, етичка, морална, универзална).

Токму во овој контекст, кога се чувствува криза во културата на сите нивоа, културата означува и градење на сопствената личност и во било какви услови.

Институтот за култура и уметност при МСУ започнува со циклусот онлајн трибини „Криза во културата и/или култура во кризата“ на 27-ми март, на Светскиот ден на театарот.

Циклусот онлајн трибини подразбира сестрано вклучување на културните работници од сите дејности од земјата и од странство.
Нашата интенција е насочена преку транспарентност и афирмација на мислењата на оние кои се (ин)директно вклучени во градењето на културата да и го вратиме достојното место на културата, т.е. да ја одржиме и зачуваме како највиталниот дел во иднината на човековото егзистирање.

Автор на проектот е проф. д-р Соња Ризоска Јовановски, редовен професор на Факултет за психологија при МСУ.