Кризата ја „закочи“ автомобилската индустрија. Ковид-19 сериозно го „рани“ светскиот пазар на автомобилската индустрија. Синџирот на снабдување, пред се’ кој е географски зависен од Кина, им зададе удар на европските компании. Бидејќи автомобилската индустрија, за разлика од многу други, не може да функционира со работа од далечина. На глобално ниво, индустријата вклучува околу 30 милиони лица и висок процент во уделот на бруто – домашниот производ на земјите.  

Кризата ја „закочи“ автомобилската индустрија

Прекин на синџирот на снабдување – како се’ почна?


Глобалниот систем на производство, при што синџирите за снабдување се расцепкани низ светот, како и неможноста за движење на стоките доведе до застој на производството. Тоа се почувствува и во државава, бидејќи компаниите кои произведуваат делови за автомобили за големи светски брендови, се зависни од увозот на суровините. А, тие во најголема мера доаѓаат од Кина.  Автомобилската индустрија е меѓу најзначајните носители на светската екомонија. Градот Вухан во Кина, каде и започна пандемијата е местото каде многу производители произведуваат делови за „Генерал моторс“, „Хонда“, „Нисан“, „Тојота“. Кога започна кризата со ковид-19, производството во фабриките запре. Со ширењето, се затворија и компаниите во Европа и САД. На површина излегоа слабостите на автомобилските ланци за снабдување, кои во огромна мера се зависни од извори кои се погодени. Глобалните производители на автомобили добиваат до 60% од обемот на набавки од Кина, се чини дека нефативниот ефект врз секторот беше неизбежен.

Во март 2020-та година, производствените капацитети, пред се’ во Кина, се затворија. Затворените државни граници меѓу земјите предизвика недостиг од потребните делови. Но, откако вирусот ја „напушти“ Кина и почна да се шири низ светот, последиците почнаа да се чувствуваат посилно. Превентивните мерки на здравствените власти, како полициски час, карантин, затворање на фабриките, во одредени држави придонесоа за отпуштање на работниците.  Производството на микрочипови за автомобилската индустрија запре, што се одрази и на производството на автомобили. Од друга страна, пандемијата ги натера овие производители да ја пренасочат нивната употреба пред се’ кон домашни производи – компјутери, телефони, телефизори. Причината е едноставна - седењето затворени дома во услови на неможност да се излегува. Резултатот е намалена побарарувачка, но и продажба на автомобили. На глобално ниво, изгубено е производство од речиси 2,7 милиони возила, од кои само 900 000 во Европа. Затоа, американската технолошка компанија Интел најави дека ќе ги отвори своите погони и ќе произведува микропроцесорски чипови за автомобилската индустрија. Целта е да се намали сериозниот недостаток во побарувањата, кој се чувствува во светски рамки.

Автомобилската индустрија во домашни рамки – компаниите се држат добро


Во Технолошко – индустриските развојни зони има околу 20-тина компании кои се странски инвестиции во делот на автомобилската индустрија. Во нив работат повеќе од 10. 000 работници. Македонските компании се генерално извозно ориентирани за странските пазари.

И покрај пандемијата, тие се држат сосема солидно. Статистиките покажуваат дека во јануари годинава, извозот бележи високи 15,4 насто. Високи 65 отсто од вкупниот извоз на земјата, биле направени од фирми во областа на овој сектор. Во февруари, пак, резултатот повторно е позитивен. За 17 насто  e зголемен извозот во однос на минатата година. Најголем раст во овој сектор се бележи кај компанијата „Џонсон Мети“.