Првиот албум на Владо Креслин, песните кои се длабоко во кодот на Словенците, конечно се најде на винил! Станува збор за прв компакт-диск кој беше објавен во независна Словенија. 

Албумот „Namesto koga roža cveti“, првото соло цеде на Владо Креслин, оваа година слави своја 30-годишнина. 

Триесет години по објавувањето на првото независно CD на прекомурскиот музичар Владо Креслин – „Namesto koga roža cveti“, истото повторно го издаде  ЗКП РТВ Словенија (Заложба касети н плошч на Радио Телевизија Словенија), на двојна винилна плоча. 

Архивската документација ја збогати рачно нумерираната едиција од 1.000 парчиња, а тука е и шифра за download. 

Објавувањето на двојната винилна плоча Владо Креслин ќе го прослави со Malimi bogovi in Beltinško bando на три концерти, на триесетгодишнината од настапот во Цанкарјев дом на 15, 16 и 17 декември. Музичарите ќе ги отсвират сите песни од албумот, а во програмата ќе има и нови содржини. „Дури Владо Креслин во својата кариера да ја создаде само „Namesto koga roža cveti“, тој сигурно ќе се запишеше засекогаш во свеста на својата нација“, напиша музичкиот критичар Јуре Потокар, додавајќи: „Посветол спој на поетски јазик и музика на луѓето кои споделуваат заеднички јазик и историја, иако живеат во толку разновиден дел од светот како Словенија, се речиси незамисливи“.

Албумот за Словенците го има култниот значај, бидејќи е и прво цеде објавено во независна Словенија, а Потокар смета дека музиката на Креслин дошла во вистинско време - кога Словенците за прв пат се осмелиле решително да побараат слобода, своја земја и право сами да одлучуваат за својата судбина. 

„Како што самиот Владо беше одлучен кога отиде да студира во Љубљана, и кога под градските светла на семафорите на раскрсниците, за малку ќе ги заборавише своите корени...“, напиша критичарот, опишувајќи го Креслин како рокер кој пеел песни кои им значат на луѓето, а во исто време бил и пејач кој настапуваше на фестивалите. Во очите на својата нација Владо Креслин стана голем кога со својот бенд „Мартин Крпан“ пееше на првиот концерт на Боб Дилан во Словенија. Кога на прагот на зрелите години сфати дека со целиот живот искуствата што ги имаше зад себе, најмногу го одбележа родниот град, семејство кое отсекогаш се поврзувало со музиката и врсниците со кои ја поминал младоста. 

„За нас, кои ја доживеавме песната ‘во живо’, во време кога соништата (сè уште) не ни беа дозволени, таа претставува и саундтрак на сите оние возбудливи настани на кои бевме сведоци пред триесет години“, заклучи Потокар.  

фото: Адриан Прегељ РТВ Словенија