Два града од Македонија се најдоа на листата на десетте најпристапни европски градови за семеен одмор, што ја направи списанието Conde Nast Traveler. Изборот е направен врз основа на трошоците за сместување, изнајмување автомобили и билети за разни атракции, како и временските услови за престој на европските семејства.

 

На листата на градови за најдобар семеен одмор се најде Загреб, кој е на осмо место, благодарение на пријатната топла клима и прифатливите цени за бројни погодности. Иако просечната цена за ноќевање во хотел е малку повисока, околу 145 евра, овој град нуди многу бесплатни или евтини и културни настани и располага со зелени површини кои се идеални за прошетка и релаксација со деца, пренесува Дневно.хр.

Меѓу градовите кои се одбрани како најпристапни европски градови за семејни патувања се наоѓаат и Темишвар во Романија, познат по своите шарени фасади и пространи паркови. Градот е опишан како идеален за семејства со мали деца кои сакаат да бидат во природа.

Од Македонија како град кој нуди удобен одмор за семејства е избран  Куманово, кој „нуди автентично балканско искуство преку богата историја, традиционална култура и многу прифатливи цени за храна и сместување“.

 На оваа листа на најпристапни градови за семеен одмор се наоѓа и Битола- градот е препознаен како „културен центар со бројни историски места и уметничка сцена во опуштена атмосфера“.

На листата на градови за семеен одмор се наоѓа и Балти, третиот по големина град во Молдавија, којшто е опишан како град кој нуди мир и природа преку бројни паркови, што го прави совршен за потивок одмор. Потоа се нуди и Варшава, Полска, кој пружа комбинира богата историја со модерни музеи и зелени површини, нудејќи активности кои се забавни и едукативни за сите генерации.

На оваа понуда се наоѓа и Будимпешта, главниот град на Унгарија, којшто останува прифатлив за семејствата и е познат по своите термални бањи, прекрасна архитектура и разни културни настани. Понудата го опфаќа и Мадрид, Шпанија, кој нуди совршена мешавина од уметност, историја и гастрономија, а бројни атракции и паркови се наменети за деца и семејства.

 Меѓу овие дестинации од соседните држави  е и Атина од Грција која комбинира богато античко наследство со жива медитеранска атмосфера, а воедно нуди прифатливи цени за различни семејни активности.

Потоа, Софија во Бугарија е опишана како град кој привлекува со својата интересна историја, ниски цени и бројни паркови, што го прави погоден за семејни прошетки и истражување, пренесува Блиц.