Додека Биткоин забележа солидни добивки во 2024 година, некои помалку познати алткоини во нашиот регион како ракети се вивнаа кон небото, надминувајќи го дури и самиот крал на криптовалутите.

 

Еве некои од најинтересните „алтернативни“ меми - крипто приказни:

Dogwifhat (WIF), коин (паричка) инспириран од куче со капа, скокна за неверојатни 35.000 проценти! Овој коин стана вистинска сензација, привлекувајќи го вниманието на инвеститорите ширум светот.

Монетата Пепе (PEPE) и Флоки Ину (FLOKI), исто така, остварија вртоглави добивки, покажувајќи дека апетитот за „кучешки“ криптовалути сè уште постои.

 

Но, сето тоа не е шега. Jasmycoin (JASMY) и Nervos Network (CKB) забележаа импресивни добивки од над 500 procenti, додека Fetch.ai (FET), кој комбинира вештачка интелигенција и блокчејн, се зголеми за речиси 200 роценти благодарение на зголемениот интерес за вештачката интелигенција.

Биткоинот, иако цврст, не успеа да остане во чекор со овие вртоглави скокови. Сепак, експертите остануваат оптимисти за неговата иднина. Changpeng Zhao, основач на Binance, предвидува дека Bitcoin може да достигне 150.000 долари до крајот на 2025 година. Кети Вуд од ARK Invest е уште поамбициозна, очекувајќи цена од дури 250.000 долари во 2025 година.

За 2025 година експертите предвидуваат континуиран раст, но со можна нестабилност.

 2025 година -во полн замав на оптимизам за дигиталните средства

Марко Павловиќ од платформата Iconomi верува дека 2025 година ќе биде „во полн замав на оптимизам за дигиталните средства“. Приливот на капитал во криптовалутите се очекува да биде уште поголем отколку во 2024 година.

Кога станува збор за инвестициите, експертите советуваат внимателност и диверзификација. Големите играчи се повеќе инвестираат во стабилни коини за да го намалат ризикот. Тие, исто така, се свртуваат кон нови токени и проекти кои нудат приспособливост и безбедносни решенија.

За оние кои бараат потенцијално профитабилни криптовалути во 2025 година, вреди да се обрне внимание на проекти кои комбинираат блокчејн со други технологии. Fetch.ai (FET) со својот фокус на вештачката интелигенција може да биде интересен избор. Исто така, зелените криптовалути како Cardano (ADA) и Solana (SOL) би можеле да имаат корист од растечкиот тренд на еколошката свест.

Некогаш и сега

Замислете дека сте купиле Биткоин пред десет години, кога неговата цена беше околу 100 долари. Денес, кога цената на Биткоинот се движи околу 40.000 долари, вашата инвестиција би пораснала за неверојатни 40.000 проценти! Ова покажува колкав потенцијал за раст можат да имаат криптовалутите, но и колку е важно да се биде свесен за ризиците. Треба да се запомни дека пазарот на крипто е непредвидлив и нестабилен. Она што денес е хит, утре може да биде неуспешно. Инвестирањето во криптовалути носи висок ризик, но и потенцијал за големи добивки. Како и секогаш, од клучно значење е да го направите вашето истражување пред да инвестирате и да не инвестирате повеќе отколку што можете да си дозволите да изгубите.