Високите цени, се’ помалата разновидност и намалувањата на пакувањата на храната секојденвно се се’ повидливи и позагрижувачки, дури буквално трауматични.
Скриента инфлација граѓаните ги доведува до лудило во немоќ, но не можат да реагираат, зашто на пазарот важи правилото, „ако сакаш купи, ако не - барај на друга тезга“. Тоа што се нуди на тезгата е изборот, друг нема, ако сакаш поинаку, земи, работи ја земјата и произведувај за себе.
Многу прашањата за земјоделството се апсолвирани, но многу и не се.
Со појавата на модерните занимања, никој млад човек веќе не сака да гази кал до колена на нивите, да се врати дома навечер доцна со калливи алишта, извалкан во лицето, да труе на пот, да има работа со изметот на живината и на животните, да рине пондили, да го боцкаат сламки во вратот, да пие вода од стомна на полето итн. Младите се иселија и се иселуваат, па змјоделството се урива на еден основен проблем, а тоа е – нема кој да ги работи нивите, македонските полиња се обраснати, селата празни, полињата ненавадени, Македонија тоне во пустелија. Споредбата со разниените земјоделски сили е неразумна.
Новите технологии во производството во Македонија не се ни од далеку дојдени и применети, затоа македонското земјодлеско производство не оди нагоре, се намалува, а цените на узвезените, разбирливо, се поскапи, затоа што се носат од далеку, се чуваат во ладилници, се плаќаат узозни царини итн.
Затоа, тешко ни паѓаат прашањата, зошто инфлацијата, или цените на основните прехранбени производи кај нас се повисоки отколку во Германија или во Холандија. Одоговорот е: тие змеји го имамат добро организирано своето прозиводство, неплодното земјиште го претвораат во плодно (Израел од пустина, со 20 проценти земјодлеско змејиште е светски извозник на храна).
Кај нас голем дел од земјоделските култури изумираат. Статистиката бележи намалување и на производството, кај јаболката за 51,2 %, крушите за 41,2 %,сливите за 46,1 % и праските за 50 %.
Климатските промени почнаа жестоко да удираат
по полињата, ги претвораат во неплодни замјишта, пресушуваат цели реки, што значи приносите се намалуваат во целиот свет.
Во последно време научниците откриваат дека отпадоците од храната што се фрлаат, емитуваат штени гасови во атмосферата повеќе од сите автомобили на земјата. Сепак, високоравиените научни центри, постојано мислат како да и се спротивставиме на оваа закана која е пострашна од војните и му зе закамува на опстанокот на целтото човештво. Климатската промени настапуваат многу побргу отколку што очекуваа научницие пред 50-тина дгодини.
Ако Македонија едно време не беше целосно самодоволна во производството на храна, денес е далеку од таа самодоволност. И покрај сите мерки во земјоделството изминативе години, ние имаме постојан пад во производството. Можеби имаме делумно покачување во приносите, кое на глобално ниво изнесува 10% на десет години како резултат на технолошкиот развој, меѓутоа поради намалувањето на површините што се обработуваат, вкупната продукција ни опаѓа и тоа прави да бидеме сè позависни од увозот на храна.
Не јаде поделеноста, однонсо иситнетоста Производството на житарките е во најголем процент на земјиштето на старите агрокомбинати, додека над 90% од градинарските производи ги произведуваат индивидуалните земјоделци. Во земјоделството, ние сме на дното – имаме меѓу најниските приноси во Европа.
Нашата политичка нестабилност, правната несигурност, корупцијата и измамите ги плашат и ги бркаат странските земјоделски гиганти кои располагаат со know-how, затоа кај нас и ги нема.
Не можеме ни да помислиме да се споредиме со Бугарија или со Романија, змји во кои се дојдени големи странски инвестиции во земјоделскиот сектор. Кај нас инвестицијата во технологија, опрема и механизација е нерентабилна ако имаш само два хектара.
За да инвестира некој кај нас, треба да се ангажира да откупи од 10.000 луѓе по два хектара за да дојде до некоја големина на земјиште како на ЗИК Пелагонија на времето, што изгледа невозможно.
Сточарството
Сточарството, исто така, околу 90% ни е лоцирано кај индивидуалните земјоделци, што е еден од поголемите проблеми. Тие не можат да обезбедат ни основни критериуми како еколошки стандарди, а да не зборуваме за благосостојбата на домашните животни.
При појава на заразни болести како свинската чума
се коле речиси целиот добиточен фонд на една фарма, што е конечен удар за сопственкот на таа фарма.
Кај нас земјоделството е ситно, а сточарството уште поситно. Еден земјоделец кај нас во просек располага со два хектара земја, а претежна големина на едно сточарство е помалку од три добиточни единици, (една добиточна единица одговара на една млечна крава или околу 10 кози или овци).
Нашето овчарство, кое беше навистина развиено и во 80-те години проценките беа дека Македонија има од 1,2 до 1,5 милиони овци, денес, според официјалните извори на податоци брои од 550 до 700 илјади овци. Што значи дека е една половина или една третина од тоа што било. Овчарството полека изумира, бидејќи не може да се најде овчар.
Последиците од нашето ситно земјоделство, неорганизираноста на производителите и тоа што сме мали е што ние не увезуваме само храна, ние увезуваме и цена.
Постојано лебди прашањето: покрај толку земјоделски субвенции, со кои се фалат сите влади, зошто резултатие на се видливи? Сега сфаќаме дека не е штосот само во истурањето пари, туку во добрата организација во овој комплексен стопански сектор, можеби најважен во целата економија, бидејќи тој може да не направи или зависни или независни и во економска, но и во политичка смисла.