Оваа, 2022 година форумите на Вивалди се посветени на поместување на границите. По двата рекордни форуми, пролетниот: „Бизнис без граници“ и летниот: „Идеи без граници“, организаторите велат: „време е за уште едно инспиративно искуство „Луѓе без граници“.

Есенскиот Вивалди форум на Мокрогорската школа се води од тезата на Михаило Идворски Пупин: „Ништо не го прави човекот толку среќен како неговото искрено уверување дека направил сѐ што можел вложувајќи ги во својата работа своите најдобри способности.“

Поаѓајќи од ова, Есенскиот Вивалди форум годинава се фокусира на извонредни поединци, организации, претприемачи, уметници и многу други кои покажаа дека големите дела се можни и остварливи.

Коселекторско добредојде

Овогодишниот форум ќе го отворат коселекторите, Ивана Михајловиќ, Санја Јевѓенијевиќ и Бојан Лековиќ.

Михајловиќ како директор за човечки ресурси на Adria Media Group, една од најголемите медиумски компании во Југоисточна Европа, веќе трета година по ред го споделува своето знаење и искуство во областа на човечки ресурси како коселектор на форумот Вивалди.

Со својот личен пример, знаење, искуство и работа, сака да укаже на придобивките од соработката помеѓу бизнисот и човечките ресурси и со тоа да  придонесе за афирмација на професијата за човечки ресурси на регионалниот пазар.

Коселекторката, Јевѓенијевиќ како сопственик на консултантска агенција, HR EXCEL, го пренесува своето знаење, искуство и менторство во развојот на поединци, тимови и организации. Нејзината мисија е да ги поттикне луѓето да направат чекор повисоко за нивната кариера и деловно опкружување каде врвните резултати се постигнуваат со исклучителни процеси за човечки ресурси.

 

 

Своето искуство и знаење на овој форум ќе го пренесе и основачот и извршен директор на најголемата српска рекламна платформа „Купујем Продајем“. Коселекторот е автор на бизнис бестселерот „Мечки на патот“ и претседател на холандско-српската стопанска асоцијација. Своето знаење и искуство покрај во приватниот бизнис го стекнал и преку  ангажман во научно истражување во областа на микрокомпјутерски системи на Универзитетот во Ниш, како  менаџер за иновации во Royal Dutch Telecom, и како независен консултант за развој на нови бизниси во Холандија.

Според агендата за овој форум во уводното предавање на тема: Кои се луѓето без граници ? ќе говори Небојша Дугалиќ, глумец без граници.

Славниот српски актер и режисер, добитник на бројни награди и признанија познат и како шампион на драмата на Народниот театар во Белград, е редовен професор на Факултетот за современи уметности, а од мај годинава  и претседател на Друштвото на драмски уметници на Србија.

Врската меѓу извонредноста и корпоративната култура

-На есенскиот Вивалди форум, како што нагласуваат од МШМ, - експерти од регионалната заедница за човечки ресурси ќе ни помогнат да ја разбереме врската помеѓу извонредноста и корпоративната култура, градењето тим, изборот на луѓе и максимизирањето на потенцијалот. Чест ни е што на настанот ќе говорат долгогодишни директори за човечки ресурси и професионалци кои биле одговорни и развиле стотици илјади вработени во најдобрите компании во регионот и во странство“, пишува организаторот.

Извонредноста, практично е тема и во првиот VIVALDI TALK: „Извонредност – што е извонредност во бизнисот и зошто е важно?“

Одговори на ова прашање ќе се обидат да дадат стручни говорници од различни индустрии и области од животот и бизнисот. Во овој сегмент Бојана Муциќ, директор за човечки ресурси - НЕЛТ ГРУП, ќе зборува за: „Тимска и лична извонредност“.

 

Сопственикот на „Златара Стефановиќ 1886“ , Срѓан Стефановиќ ќе го пренесе своето искуство преку темата„ Го славиме животот од 1886“. А темата ќе ја заокружи третиот говорник, Милан Јовановиќ, а.к.а.STRONGMAN, со „52. Лекција“.

На овој, според агендата се надоврзува следниот VIVALDI TALK: Дали извонредноста е преценета? Каде со свои теми во одредени сегменти на дискусијата ќе се претстават:  Проф. Др. невролог, Елка Стефанова во делот на: „Биди извонреден, а не согорен“; Потоа Ана Брзаковиќ, во поткастот „Како си на работа?“ зборува за: „Дали сите треба да бидеме извонредни? и темата ја заокружува Мирјана Гомилановиќ, executive coach со анализата „Дали навистина сте подготвени за извонредност?“

Добар тим?

Вториот ден од форумот според објавената агенда стартува со VIVALDI TALK: Како се прави добар тим? Лидерски примери...

Дискусија на која лидерските примери „од агол на корпоративците“  ќе ги изложи Билјана Боговац, партнер на PWC. Додека „од агол на претприемачите“ ќе зборува Бојан Стевановиќ, основач и директор на „HAUZMAJSTOR“.

Во продолжение следува, VIVALDI TALK: Како направивме корпоративна култура? На кој Јан Долинај, CEO на „LEVI9 Srbija“, говори на темата „Како го „испрограмиравме“  empowerment  во организационата структура. Потоа продолжува директорот на човечки ресурси на МК ГРУПА,  Марина Ракиќ говорејќи за тоа „Како да станете препознатлив работодавец“ и завршува со анализата „Може ли слонче во лонче“ на Невена Радовановиќ, директор на човечки ресурси на ANANAS.

 За вториот ден е планиран и VIVALDI TALK: HR TIPS & TRIKS.

 Дискусија во која се поместени темите „Таен HR зачин“ на Санја Јевѓенијевиќ, основач на HR EXCEL. Потоа, „Најчести герешки во ХР“ за кои ќе говори  Наташа Стаменковиќ, HR директор  на AL DAHRA. И завршува со интервју во живо: Како се бираат луѓе? Каде говорат глумицата, Христина Поповиќ и Бојан Лековиќ, основач на „Купујемпродајем“.

По ова следува и панелот: Што се случува на пазарот на трудот? Каде под модераторство на коселекторката и ХР директор на Адриа Медиа, Ивана Михајловиќ своето искуство ќе го пренесат Иванка Новаковиќ, CHRO, DELTA HOLDING, Марко Бабиќ,  Vice President HR & OD, DELHAIZE, и Alisa Evsina ХР директор во NIS.

За третиот ден во агендата е впишан VIVALDI TALKS: Што е иднина? Дигитализација на бизнисот, D (igital) level management- технолошко наспроти традиционално раководење.

Својот став за „Иднина на бизнисот“ ќе го изнесе Небојша Бјелотомиќ, директор на „Иницијатива за дигитална Србија“. Додека Александра Дутина, CHRO во CARLSBERG GRUPA, ќе говори  за „Која ли е тајната на идниот ХР?“

 Форумот за крај ја акцентира звучната забелешка  „Се е во луѓето“ преку говорот на Пакрачко-славонскиот епископ, Јован Ќулибрк.

Учествувај-слушни како другите ја применуваат извонредноста и победуваат

Извонредноста во организациите ја сочинув културата која ја создаваме со изборот на луѓето и тимовите, чии знаења овозможуваат да се максимизира потенцијалот. Затоа не се двоумите, учествувајте на Есенскиот Вивалди форум, слушнете како другите ја применуваат извонредноста и победуваат.

Апликациите за есенскиот Вивалди форум официјално се отворени. Цената за регистрација за учесниците на настанот од Македонија е 19 450 денари (околу 316 евра). Додека за оние кои настанот ќе го следат онлајн, котизацијата е 7.900 денари (127 евра). Цената вклучува посетеност на сите формални и неформални сегменти на програмата, работни материјали и паузи за кафе. Цената на програмата не ги вклучува трошоците за сместување или превоз до Мокра Гора.

Сите заинтересирани кандидати од Македонија што сакаат да се пријават може да се обратат во АНТОРИС на телефонските броеви: 02 3104604 или на 071 223868 или преку електронска пошта kontakt@antoris.mk. Може да се организира и заеднички превоз.