Луксузниот патнички воз Венеција-Истанбул-Венеција, кој сообраќа еднаш годишно, вчера напладне мина низ железничката станица во Велес. Возот влечеше 14 патнички коли, вагони за спиење, вагони за јадење.

-Поради должината, не го собираше по целата должина на станицата“, објави локалниот портал „ТиРековМиРече“.
Возот направил пауза од 10-тина минути во Велес и потоа го продолжи патувањето за Истанбул преку Солун. Претходнта вечер патниците преноќиле во Скопје, а следното ноќевање е во Солун.

Возот имал вкупно 60 патници, повеќето Американци, кои допатувале со авион до Венеција, и патуваат до Истанбул. Од таму нова група од 60 патници исто така Американци ќе се вози 12 дена до Венеција.

„Golden Eagle Danube Express е вашиот луксузен хотел на тркала. Распакувајте се само еднаш и сместете се во вашата добро наместена и удобна кабина додека го започнувате ова животно патување. Вашиот кабински придружник ќе биде при рака да се грижи за сите ваши потреби“, се вели во објавата за ова патување, кое е само еднаш оваа година.

 

Рутата на патување опфаќа посети на Венеција, Трст, Љубљана, Загреб, Сараево, Мостар, Белград, Скопје, Солун, Софија, Пловдив и Истанбул.

Возот веќе има термин и за враќање низ Велес. Тоа треба да се случи на 10 август во попладневните часови. Цената во делукс кабини за двајца е 21.500 евра, а за еден е 14.400 евра. За супер делукс кабини за двајца е 18.000 евра, а за еден е 30.000 евра. Патувањето трае 12 дена. Годинава е превидено само едно патување на оваа релација. Следната година исто така има едно патување и тоа е предвидено за октомври.