-„SwissSkills“  годинава се одржуваше од 7 до 11 септември во Берн. Саемот традиционално промовира извонредност во професионалната пракса, им дава на младите увид во различните професии и помага да се зајакне имиџот на стручното образование во Швајцарија. Годинава за освојување на титулата „швајцарски шампион“ се  натпреваруваа 1 150 чираци и дипломци во 85 од 150-те различни професии.

Како што пренесоа медиумите, Јованов е проектант на водоинсталации, а занаетот „го печел“ низ швајцарскиот модел на дуално образование. Откако најпрво се остручил за водоинсталатер, работел две години, а потоа го продолжил усовршувањето уште две години и се стекнал со звање проектант.

Како што изјави Јованов пред почетокот на синоќешната церемонија за доделувањето на наградите, не мора и не е секогаш важно да се заврши факултет, туку најважно е да се работи тоа што се сака, без да се трча по диплома.

– Го избрав водоинсталатерството зашто и мојот брат го работи тоа. Не мора баш да се оди на факултет ако сакаш да напредуваш, можеш и преку стручно усовршување. Во Швајцарија е полесно да најдеш работа, бидејќи од 16 години државата ти го овозможува тоа. Според мене не е битно да земеш многу дипломи, туку да го правиш тоа што го сакаш, што вистински ти се допаѓа, рече Јованов за македонските новинари кои се во посета на саемот.

На посебна церемонија „SwissSkills“ синоќа ги избра најдобрите, доделувајќи златен, сребрен и бронзен медал во 85 професии. Тие претходните денови и практично пред посетителите ги демонстрираа своите вештини.

 На SwissSkills 2022”учествуваат околу 1 150 млади професионалци меѓу кои и лаборанти, водоводџии, шминкери, произведувачи на оргуљи, пекари, машински и електротехничари, резбари, изработувачи на накит, автомеханичари, мајстори за поправки на земјоделска механизација, фармери специјализирани за различни сточарски дејности, репаратори на мебел, монтажери на бекатон плочки,… Тие практично  ги презентираа своите вештини и знаења пред комисијата и пред посетителите, кои имале можност да ги набљудуваат одблиску, но и директно да се вклучат во работниот процес.

 SwissSkills

Историјата на SwissSkills почнува во 1953 година кога Швајцарија прв пат учествува на меѓународни натпревари за стручни вештини, а во 1963 година се организира во Берн. Со текот на годините, форматот на организацијата се менува од фондација во институција за натпревари за стручни вештини, името се менува од Swisscompetence во Swiss Skills. Форматот се зголемува од локално, кантонално и национално ниво, но сепак фунцкијата на саемот останува координирање, организација и промовирање на швајцарските првенства за стручни вештини, како и учество на светски првенства за стручни вештини. Во 2014 година се организира првото централно швајцарско првенство во Берн, додека во 2017 година SwissSkills преминува во јавно-приватно партнерство помеѓу државните институции, асоцијации и здруженија и приватниот сектор, со голема поддршка од медиумски партнери.

 Со подобрен формат, во 2018 беше организирано второто централно швајцарско првенство за стручни вештини кое достигна 120.000 посетители, со промоција на 135 различни занимања. Благодарение на високото ниво на медиумски интерес, SwissSkills 2018 се емитуваше на национални телевизии во живо.

 SwissSkills 2022 година ги надмине сите претходни постигнувања, особено во поглед на број на занимања и број на посетители. Годинава се натпреваруваа над 1. 000 професионалци во преку 150 струки.