Македонија се најде на шестата позиција на најсиромашни земји на европскиот континент, според веб-агрегатот „World Population Review“, што ги обработува достапните податоци од Светска Банка и Организацијата на Обединетите Нации.

Од земјите на балканот во полоша состојба се само нашите соседи, Косово и Албанија. Инаку, според оваа листа на податоци најсиромашна европска земја во овој момент е Украина. А, како најзагрозени земји се вбројуваат и Грузија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Србија и Црна Гора. Заедничко за оваа група сиромашни земји е што ниту една од нив не е членка на Европската унија.
Според податоците за 2020 година, бруто-домашниот производ по глава на жител во Македонија изнесувал 5 888 долари, а бруто-националниот приход по човек нешто помалку од 5 720 долари.
Меѓу земјите членки на ЕУ, најсиромашни се Бугарија и Романија. БДП по жител кај источниот сосед пред две години (2020) беше речиси 10 000 долари, а кај Романија околу 12 900 долари. Во Хрватска, пак, изнесуваше 13 828 долари.
ПРИХОДИ ПО ГЛАВА НА ЖИТЕЛ БДП ПО ГЛАВА НА ЖИТЕЛ
Косово 4 440$ 4 287$
Aлбанија 5 210$ 5 215$
Mакедонија 5 720$ 5 888$
БиХ 6 090$ 6 031$
Србија 7 400$ 7 666$
Црна Гора 7 900$ 7 686$
Бугарија 9 540$ 9 975$
Романија 12 570$ 12 896$
Хрватска 14 190$ 13 828$
Грција 19 690$ 17 676$
Словенија 25 910$ 25 179$
Од републиките кои беа дел од поранешна Југославија, Словенија сега има четири пати поголем БДП по глава на жител од Македонија, околу 25 200 долари.
Претходно истражувањето на Комекон (Советот за взаемна економска помош) ја рангираше Maкедонија како петта најсиромашна држава во Европа, додека Бугарија како најсиромашна земја членка на ЕУ.
Во листата на најбогати доминираат генерално земјите од Скандинавија и Западна Европа. Лихтенштајн и Монако имаат дури 180 000 односно 190 000 долари БДП по жител. Трета земја е Луксембург со 115 000 долари. Германија, која е меѓу најчестите дестинации за студирање и работа на Македонците, пред две години остварила БДП по глава на жител од 45 723 долари.
Европа во моментов се соочува со една од најтешките економски и енергетски кризи некогаш. Ќе ги погоди сите на континентот, но особено најсиромашните