Македонија има најбрз мобилен интернет, со просечна брзина на преземање од 161,53 Mbps. По нашата држава,  следуваат Албанија  со преземање од 104,11 Mbps, потоа Косово  со 97,43 Mbps, па Црна Гора  со 80,27 Mbps и Србија со преземање од 71,70 Mbps, додека Босна и Херцеговина е на последното место со скромни 29,65 Mbps на преземање на интернет.

 

Од друга страна, кога станува збор за фиксен интернет, Србија ја држи водечката позиција со 92,21 Mbps. Потоа следуваат Црна Гора (87,64 Mbps), Албанија (84,64 Mbps), Косово (82,24 Mbps) и Северна Македонија (49,01 Mbps), додека БиХ е повторно на дното со само 35,71 Mbps.

Податоците се прикажани на графиконот објавен од Радио Слободна Европа (RSE), и се однесуваат на просечните брзини на преземање на интернет по земји во регионот од јули оваа година.

 

Во Хрватска, која не е вклучена во анализата, просечната брзина на преземање во фиксните мрежи во 2025 година според податоците на Speedtest е помеѓу 70 и 120 Mbps, додека мобилните мрежи нудат помеѓу 30 и 80 Mbps, во зависност од регионот и операторот.

Во време кога брзиот и сигурен интернет станува основна алатка за образование, работа и секојдневниот живот, резултатите за Босна и Херцеговина укажуваат на итна потреба од инвестиции и реформи во телекомуникацискиот сектор.