Македонија водечка земја во регионот по бројот на жени во управните одбори

Ангажманот на  жени во управните одбори на најголемите македонски компании рангирани по пазарна капитализација бележи  најдобар регионален резултат, со 33,98 отсто.

Присуството на жени во менаџерските тимови и управните одбори на директори на водечките компании, рангирани според пазарната капитализација, е се поголемо, покажа студијата на Бизнис школата Cotrugli, спроведена на репрезентативен примерок од најголемите компании во осум земји во регионот.

Македонија водечка земја во регионот по бројот на жени во управните одбори

„Големиот број иницијативи насочени кон подигање на свеста за родовата еднаквост и недискриминација на жените во различни сфери на животот и бизнисот придонесоа за зголемување на бројот на жени на врвни позиции во водечките компании“, велат истражувачите од Cotrugli во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Херцеговина, Црна Гора, Романија, Северна Македонија и Бугарија.

Анализата покажува дека Македонија бележи  најдобар регионален резултат, со 33,98 отсто жени во управните одбори на најголемите македонски компании рангирани по пазарна капитализација.

Веднаш зад Македонија е позиционирана Србија. Според резултатите од анализата на управните одбори на најголемите српски компании, просечното учество на жените на највисоките позиции е 27,25 отсто. Значително послаби резултати се забележани во другите земји во регионот, па помалку жени „на врвот“ имаат Хрватска (16,56 отсто), Бугарија (16,95 отсто), Романија (17,55 отсто), Словенија (18,56 отсто), БиХ (19,86 отсто). и Црна Гора (20,77 отсто).

 

Графикон 1: Процент на жени во одборите на јавно котирани акционерски друштва во регионот на ЈИЕ

 

За споредба, жените во малите, средните и големите компании во Европа сочинуваат 35 отсто во управните одбори. Податоците на Европскиот институт за родова еднаквост ја наведуваат Франција како земја со најголем процент на жени во одборите - дури 45 проценти.

Европската комисија (ЕК) го препозна проблемот со нееднаквоста во корпоративното управување во компаниите низ Европа. Имено, според предлогот на ЕК, планирано е да се воведе минимален процент на жени на неизвршни високи раководни позиции, кој ќе се движи од 33 до 40 проценти, во зависност од големината и структурата на компанијата.

Фирмите кои ќе го прекршат ова правило ќе се соочат со санкции наметнати од националните влади на ЕУ.

Графикон 2: Процент на жени на високи менаџерски позиции во водечки компании во регионот на ЈИЕ Европа (ЈИЕ)

Ова истражување покажа дека застапеноста на жените на извршни позиции во високиот менаџмент во Србија е поголема од просекот во Европа, кој вклучува 19 отсто жени на извршни позиции, додека во Србија тој процент оди и до 25 отсто. За жал во оваа категорија жените во Македонија, речиси воопшто не се застапени. Имајќи ги предвид овие резултати, Југоисточна Европа  се уште заостанува во просек на ангажманот на жените на високи менаџерски позиции зад стариот континент.

„Компаниите ширум светот сè уште треба да вложат големи напори за подобрување на положбата на жените во корпоративната хиерархија. Покрај промоцијата на женското лидерство, на жените треба да им се обезбеди сета дополнителна поддршка, како и соодветно образование, со цел самоуверено да водат бизнис во иднина. Со обезбедување средства за поддршка на програмите за понатамошно образование и обука на жените, компаниите им даваат овластување на жените да заземат лидерски позиции“, заклучија аналитичарите од бизнис школата „ Cotrugli “.