„Македонија2025“ објави повик за обука за развој на бизнис вештини на македонските претприемачи, во рамки на Лидер проектот. Обуката ќе се одржи од 10-ти до 21-ви мај, 2021 година, во виртуелен формат.
„Македонија2025“ објави повик за обука за развој на бизнис вештини на македонските претприемачи, во рамки на Лидер проектот
Во соопштението до медиумите се вели дека оваа врвна обука се реализира во соработка со Ivey Business School – Western University (Канада), кои програмата успешно ја спроведуваат уште од 1991 година.
„Македонија2025“ обезбедува бесплатна обука за 20-25 македонски претприемачи. Програмата опфаќа десетдневна обука за менаџмент и бизнис администрација (МBA – Management and Business Administration). Таа ги охрабрува и поттикнува македонските претприемачи да развијат локални или регионални бизнис решенија, кои ќе создадат нови можности за општествен и економски развој.
Претприемачите ќе имаат можност да ги развијат своите аналитички вештини и во целост да го развијат чувството за бизнис. Покрај тоа, претприемачите ќе можат одблизу да работат со инструкторите од ЛИДЕР проектот. Целта е да ги претворат своите идеи во реални бизниси на пазарот. Или, пак, да воведат новитети во работењето на својот веќе постоечки бизнис.
Целна група се претприемачи, менаџери, сопственици на компании, млади професионалци кои сакаат својата бизнис идеја да ја претворат во реалност, како и сите кои се заинтересирани да ги продлабочат своите знаења од сферата на бизнисот и претприемништвото.