Македонската компанија Hoyo Tech, која се занимава со изработка на софтверски решенија го зазеде 21 место на овогодинешната ранг листа за најбрзорастечки технолошки компании во Централна Европа во категоријата Компании во подем остварувајќи тригодишен раст на приходите од 304 отсто, објави консултантско- ревизорската компанија Deloitte.

 

На овогодишната листа за „Најбрзорастечки 50“ Полска учествуваше со најголем број, 17 компании, а по неа Чешка со 13. На листата се најдоа уште седум земји: Хрватска со осум компании, Словачка со четири, со три Унгарија, Бугарија со два и со по една компанија учествуваа Литванија, Романија и Србија.

Високо шесто место за најбрзо растечките технолошки компании во Централна Европа зазеде српската компанија Factory World Wide, која развива софтверски решенија за домашни и странски клиенти (CE Technology Fast 50). Таа, забележала четиригодишен раст на приходите од 3627 отсто (2018-2021 година), објави Делоит.

Во категоријата „Компании во подем“, меѓународна компанија со центар за развој во Србија - Bloxico Software Solutions, која се занимава со аутсорсинг и консалтинг во блокчејн индустријата, креирајќи решенија за внатрешни работи, како и блокчејн производи за своите клиенти, се најде на деветото место, постигнувајќи тригодишен раст на приходите од 1152 проценти (2019-2021).

Исто така, во категоријата „Impact Stars“, која ги препознава компаниите чиј производ или услуга има позитивно влијание врз еден од следните сегменти: општество, бизнис-заедница, иновации, животна средина и различност, беа препознаени три компании од Србија кои имаат јасна етичка димензија во срцето на неговиот бизнис модел: Factory World Wide, Foxy Voxel и Joberty Technologies.

Софтверските компании и понатаму доминираат на ранг- листата со 33 учесници, а по нив следуваат шест  fintech фирми, пет хардверски компании, четири фирми од областа на медиумите и забавата и две фирми од областа на здравството и науките за животот. И покрај доминацијата на софтверските компании, ниту една од нив не зазеде едно од првите три места. Fintech компаниите го освоија првото (FTMO) и второто (PayPo), а третото место го освои фирма од областа на здравството (Multiplex DX).

  FTMO од Чешка, најдобра по втор пат

Веќе втора година по ред, победник во натпреварувањето за Најбрзорастечки 50 технолошки компании во Централна Европа е фирмата FTMO од Чешка. FTMO создаде и води единствена платформа за едукација на трговците на финансиските пазари, која ги учи на соодветни техники за управување со ризик и ги мотивира да бидат дисциплинирани во нивниот бизнис. Откако буквално го измисли секторот во 2015 година, компанијата FTMO денес има околу 60 конкуренти но и покрај тоа останува неприкосновен лидер на пазарот. Целта на компанијата е да ја прошири својата понуда преку создавање на голема технолошка холдинг компанија овозможувајќи им на клиентите да инвестираат во различни средства.

На врвот на листата на Компании во подем за оние кои се премлади да учествуваат во програмата Најбрзорастечки 50 е DIANA Biotechnologies. DIANA (акроним за DNA-linked Inhibitor ANtibody Assay), водечка иновативна биотехнолошка компанија од Чешка која развива производи базирани на најсовремени истражувања во областа како што се молекуларна дијагностика и откривање нови лекови. За време на пандемијата, разви еден од најиновативните тестови во светот за КОВИД-19 и стана најголемиот чешки производител на PSR тестови. Денес, со близу 100 вработени, има капацитет и амбиција да реализира долгорочни проекти на глобално ниво.

На прво место во новата категорија Централно-европска технолошка ракета! е компанијата Autenti од Полска. Autenti создаде и пласираше решение кое му овозможува на секој претприемач да потпишува правно обврзувачки документи онлајн – безбедно, со само еден клик, 24 часа на ден, секој ден во неделата, од дома, на работа или во движење. Оваа платформа уникатно комбинира електронски потпис и иновативна технологија во правна рамка заснована на европските и националните регулативи. Денес, бидејќи компанијата е подготвена да го забрза своето меѓународно проширување, платформата Autenti веќе овозможи електронски потписи на повеќе од 4,5 милиони документи.