Македонски научници од Факултетот за електротехника и информациски технологии ја освоија првата најграда на меѓународната научна конференција „Ubicomp“ во Велика Британија за наочарите „OCOsens“ со кои може да се детектира расположението кај луѓето и можноста да се препознае депресијата. Основата на производот е преку иновативни сензори и вештачка интелигенција да се преознаат изразите на лицето, а со тоа се даваат информации за емоционалната состојба и однесувањето на корисникот што ги носи. 

„Самата идеја доаѓа од главниот иноватор на „МТ Лабс“ сопственикот на компанијата, кој е пластичен хирург и е заинтересиран за фацијалните експерии кои ги имаат луѓето. Идејата е да направиме паметни наочари по принципот на паметните часовници кои мерат колку чекори правиме во денот. Со разлика на тоа што во овој случај, наочарите ќе можат на сличен начин да мерат емоции и фацијални експресии, колку сме среќни или тажни во одредени ситуации. Ние работиме на паметни наочари кои се можеби хит, можеби не толку јавно достапни, бидејќи сите големи компании работат во тоа поле. Иднината дефинитивно ќе биде во паметните наочари, виртуелната реалност. тука се натрпераруваме со гугл снепчет,епл. тоа се се гиганти и мора да ја фатиме таа нишка преку патентирање на нашиот производ за да се заштитиме од таа голема конкуренција која ја имаме“, вели професорот од ФЕИТ, Христијан Ѓорески, кој е водач на тимот.  

Во создавањето на паметните наочари учествувале околу 30 научници и самиот процес бил огромен предизвик за сите. Принципот на работа на наочарите е едноставен и ќе може да им помогне на многу медицински лица во иднина. За следење од далечина на домашен третман или медицинска терапија. За лица кои боледуваат од паркинсова болест, депресија, паралица на лицето и други слични состојби. 

„Ова на кое засега работиме е прототип, за неколку месеци се очекува да имаме прототип во помали димензии. Моментално тие функционираат преку блутут. податоците од сензорите се праќаат на таблет, каде имаме апликација која ги прима и анализира тие податоци и соодветно ги претставува, потоа паметни алгоритми од вештачката интелифенција - со помош на сите тие елементи се препознаваат експесиите, какво е расположението, потоа активностите - дали чита книга, седи пред компјутер или гледа телевизор. Целото човечко однесување кое го има во текот на денот сакаме да го измериме со овие наочари“, објаснува Ѓорески.  

Иако производот ќе биде пуштен на пазарот идната година, тој нема веднаш да се користи за комерцијална употреба. Продажбата се очекува да почне во март, но, за тергатирана група на корисници. Иако прототипот полека, но, сигурно се движи кон производ, од тимот научници велат дека се уште не се свесни во која насока ќе се движи развојот на самите наочари.